Црногорска православна црква

(Пренасочено од ЦПЦ)
Оваа статија или некој нејзин дел можеби содржи оригинално истражување или содржина од непроверени извори. Ве молиме да и помогнете на Википедија со додавање на референци. Види страница за разговор за повеќе информации.



Црногорската православна црква или кратко ЦПЦ (црногорски: Crnogorska pravoslavna crkva) е православна црква која делува на територијата на Црна Гора, во Ловќенац во Војводина и во емигрантските заедници на Црногорците. ЦПЦ била обновена во 1993 година на 31 октомври во Цетиње од страна на Антоние Абрамовиќ.[2] Црногорската православна црква како и неколку останати православни цркви не се канонски признати поради политички причини.

Црногорска православна црква
Crnogorska pravoslavna crkva

Грб на Црногорската Православна Црква
Основач Рувим Његош[1] (прв архиепископ)
Независност повторно обновена во 1993
Признавање нема
Поглавар Архиепископ цетињски и метрополит црногорски Михаило
Седиште Цетиње
Територија Црна Гора
Ловќенац (Србија)
Чако (Аргентина)
Власт нема
Јазик црногорски
Верници околу 50.000
Портал www.moc-cpc.org

Митрополити 1858 - 1918

уреди

По смртта на Његош во 1851 година негов наследник бил кнезот Данило Петровиќ кога Црна Гора станала секуларна држава. Сè до 1858 година не бил избран нов црногорски митрополит. Во 1894 година кнезот Данило I го поставил Никанор Ивановиќ за нов митрополит на ЦПЦ. Воедно, овој нов митрополит бил прв нецрногорски митрополит кој во Котор, а после смртта на Данило I, бил обвинет за неверност кон народот. Братот на Данило I, војводата Мирко Петровиќ, татко на Никола I Петровиќ, го обвинил митрополитот со зборовите:

Неверни сте биле на својот кнез, неверен кон народот, неверен кон својот чин и неверни кон својата совест.

По ваквите тужби, митрополитот Никанор не се вратил во Црна Гора. Од 1860 година поглаварот на Црногорската православна црква бил именуван од страна на кнезот или кралот Никола Петеровиќ и следни метрополи биле:

Состав на ЦПЦ 1878 - 1918

уреди

После победата за време на војната против Отоманското Царство од 1876 до 1878 и големото територијално проширување на црногорската држава, Црногорската православна црква е поделена на две епархии: митрополска или цетињска се центар во Цетиње и захумско-рашка епархија со центар во манастирот Острог во Даниловград.

После ослободувањето на Пеќ за време на Првата балканска војна и кога поголем дел од Косово се припоил кон Кралство Црна Гора се создала и третата епархија - Пеќска.

На чело на ЦПЦ од 1878-1918 биле:

Светиот синод на ЦПЦ имал осум членови каде митрополитот бил претседател, а членови биле епископите и секретар.

Обновување

уреди

Црногорската православна црква била обновена на 31 октомври 1993 година. Прв поглавар на обновената црква бил Антоние Абрамовиќ, што бил пречекам со бесна реакција на Србите. По смртта на Антоние во 1996 година за нов поглавар на ЦПЦ во 1997 година православните Црногорци го избрале дотогашниот православен парох на цариградскиот патријархат во Рим Мираш Дедеиќ. По поставувањето на чело на ЦПЦ, се преименувал во митрополит Михаило.

Во соборниот храм „Света Петка“ во Софија во 1998 година Михаило бил хиротонизиран за епископ на Црногорската православна црква. Хиротонизацијата ја извршил патријархот Пимен. Оваа хиротонизација ја поддржала и Украинската православна црква - Киевска патријаршија. Поглаварот на ЦПЦ има титула: „архиепископ цетињски и митрополит црногорски“. Овој чин на возобновување на ЦПЦ бил важен дел за националното освестување на Црногорците, што денес резултира со посебна држава и стандардизирање на црногорскиот јазик.

Цркви

уреди

Помеѓу поголемиот број на цркви кои се дел од ЦПЦ и под нејзина управа, најзначајни се:

  • Црквата во Цетиње,
  • Црква „Свети Петар Цетињски“ во Котор,
  • Црква „Свети Ѓорѓе“ во Гавриловац
  • Црква „Свети Иван Црноевиќ“ во Ловќенац
  • Црква „Свети Никола“ во покраина Чако во Аргентина
  • Црква „Свети Аранѓел“ во Венадо Туерто во Аргентина

Наводи

уреди
  1. „Историја на ЦПЦ“. Архивирано од изворникот на 2010-02-14. Посетено на 2010-02-06.
  2. „Slavko Perovic interview, Feral Tribune, July11, 2007“. Архивирано од изворникот на 2007-09-11. Посетено на 2010-02-06.

Користена литература

уреди
  • Glasnik. Službeni list Srpske pravoslavne crkve. Jg. 1(1920), Nr.8, 29. Oktober 1920, S. 116, darin das Dekret über die Vereinigung der beiden Kirchen
  • Danilo Radojević: Iz povijesti hrišćanskih crkava u Crnoj Gori. Podgorica 2000
  • Valtazar Bogišić, Pravni običaji u Crnoj Gori, Hercegovini i Sjevernoj Albaniji. Titograd 1984.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди