Златна була

(Пренасочено од Хрисовул)

Златна була или хрисовул[1][2]указ издаден од византиските цареви, а подоцна и од монарсите во Европа за време на средниот век и ренесансата, особено од светите римски цареви. Поимот првично го подразбирал златниот печат (a bulla aurea), прикачен на указот, но почнал да се применува на целиот указ. Ваквите укази биле познати како златни були во западна Европа и chrysobullos logos, или хрисовули, во Византиското Царство (χρυσός, chrysos, што на грчки значи злато).

Царски хрисовул на Алексиј III Требизондски, 1374 година
Златна була од 1356 година издадена од светиот римски цар Карло IV
Златна була од 1242 година од Бела IV на жителите на Загреб во Хрватска

Речиси осумстотини години се издавале еднострано, без обврски од другата страна или страните. Сепак, ова на крајот се покажало неповолно бидејќи Византијците се обидувале да ги ограничат напорите на странските сили да ја поткопаат империјата. Во текот на 12 век, Византијците почнале да вметнуваат во златните були заколнати изјави за обврските на нивните партнери во преговорите.

Познати златни були:

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „хрисовул“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „хрисовул“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Crowley, Roger (2012). City of Fortune: How Venice Ruled the Seas. New York: Random House. ISBN 978-1400068203.
  4. M. Šašić (1998-11-17). „»Zlatna bula« - temelj razvoja Zagreba kroz stoljeća“. Vjesnik (хрватски). Zagreb. Архивирано од изворникот на 2009-01-04.

Надворешни врски

уреди