Елде

Германска река

Елде (германски: Elde) — река во северниот дел на Германија, десна притока на реката Лекниц. Реката поминува низ сојузните покраини Мекленбург-Западна Померанија, каде воедно е и најголема река, и низ Бранденбург (едвај неколку километри). Нејзината вкупна должина изнесува 220 километри. Елде потекнува близу Алтенхоф, јужно од Малхов. Најпрвин тече кон југоисток кон јужниот дел на езерото Мириц, во кое влегува кај Фиперов. Истекуваод Мириц во северниот дел, близу Варен. Врти на запад и тече низ низа мали езера и низ градот Малхов, сè до Плауското Езеро. Истекува од езерото кај Плау ам Зе и продолжува кон запад и југозапад низ Либц, Пархим, Нојштат-Глеве и Грабов. Елде се влева во Лекниц (и самата притока на Елба) во Елденбург, дел од Ленцен (Елба). Поголемиот дел од нејзиниот тек (180 км) — пловен.

Елде
Подвижен вертикален мост на Елде во Плау ам Зе
Место Германија, Мекленбург-Западна Померанија, Бранденбург
Должина 208 км
Извор западно од Дарце
53°21′32″N 12°22′29″E / 53.35896° СГШ; 12.37477° ИГД / 53.35896; 12.37477
Висина на изворот околу 90 м над м.н.
Утока кај Демиц во Елба
Алте Елде: кај Зедорф во Лекниц
53°03′50″N 11°15′04″E / 53.0638° СГШ; 11.2511° ИГД / 53.0638; 11.2511
Висина на утоката околу 12,5 м над м.н.
Спуст ~ 77,5 м
Слив Елба
Одлив Елба → Северно Море
Слив 2.990 км²
Истек Просечен среден:   11 m³/sКанал Мириц-Елдеdep1
Десни притоки Ротер Бах, Вокер, Штерканал
Леви притоки Гелсбах, Мостербах, Ротер Бах, Бренцер Канал, Мајнбах
Езера Дарцско Езеро, Финкенско Езеро, Масовско Езеро, Менхско Езеро, Мелцско Езеро, Мирицско Езеро, Мирицарм, Мириц, Келпинско Езеро, Флезенско Езеро, Малховско Езеро, Петерсдорфско Езеро, Плауско Езеро
Помали градови Варен
Паланки Малхов, Плау ам Зе, Либц, Пархим, Нојштат-Глеве и Грабов
Пловност 180 км