Златна була на Сицилија

Златната була на Сицилија (чешки: Zlatá bula sicilská, латински: Bulla Aurea Siciliæ) била декрет издаден од царот на Светото Римско Царство, Фридрих II во Базел на 26 септември 1212 година, со кој се потврдила царската титула добиена од Отокар I од Бохемија во 1198 година, објавувајќи го него и неговите наследници за Кралеви на Бохемија.[1][2] Кралството означувало исклучителен статус на Бохемија во рамките на Светото Римско Царство.

Златната була

Претходникот на Отокар, Вратислав II веќе бил прогласен за боемски крал од страна на царот Хајнрих IV во 1085 година, како награда за неговата поддршка за време на саксонскиот револт и борбата за инвеститура. Наредната година тој бил крунисан во Прага од страна на архиепископот Егилберт од Трир, но титулата не била наследна, па по неговата смрт во 1092 година, неговиот брат Конрад I бил прогласен за бохемски војвода. Во 1158 година, внукот на Вратислав, Владислав II, повторно добил кралство, што го дал царот Фридрих I Барбароса, кого го придружувал на неговиот италијански поход против Милано, но не успеал да обезбеди наследник да му биде неговиот најстар син Фридрих.

Според Златната була на Сицилија, имотите на Бохемија и Моравија биле самостоен и неразделен состав на Светото Римско Царство. Кралот на Бохемија повеќе не бил предмет на назначување од страна на царот, и било потребно само да присуствува на средбите на собранието во близина на бохемската граница. Иако предмет на Светото Римско Царство, бохемскиот крал требало да биде курфирст од Империјата, и да обезбеди на сите последователни цареви телохранители од 300 витези кога заминуваат во Рим за нивното крунисување.

За време на прославата на 800 годишнината од потпишувањето на документот, Златната була била јавно презентирана во Националната архива за време од четири дена во септември 2012 година.[3]

НаводиУреди

  1. Merinsky & Meznik 1998, стр. 51.
  2. „Guide to the Chamber of Deputies: The Golden Bull of Sicily“. Parliament of the Czech Republic. Архивирано од изворникот на 22 February 2014. Посетено на 8 February 2014.
  3. „Golden Bull of Sicily goes on display at National Archive“. Czech News Agency. 25 September 2012. Архивирано од изворникот на 8 February 2014. Посетено на 8 February 2014.

ИзвориУреди

  • Merinsky, Zdenek; Meznik, Jaroslav (1998). „The making of the Czech state: Bohemia and Moravia from the tenth to the fourteenth centuries“. Во Teich, Mikulas (уред.). Bohemia in History. Cambridge University Press.