Кралеви на Чешка
Династија Пшемисловци
Слика
Име на кралот
Владеел
Белешки
Вратислав II
1085–1092
Прв крал на Чешка. Владеел како Вратислав I со ненаследна кралска титула.
Владислав
1158–1172
Братанец на Собеслав I, Син на кнезот Владислав I. Крал 1158–1172 како Владислав I. Татко на кралот Отокар I
Отокар I
1198–1230
Прв со наследна кралска титула, признаена од светиот римски цар Фридрих II во 1212 г. со Златната сицилиска була.
Вацлав I
1230–1253
Син на Отокар I.
Отокар II
1253–1278
Син на Вацлав I. Воедно Војвода на Австрија , Војвода на Штаерска , Војвода на Корушка и Војвода на Крањска .
Вацлав II
1278–1305
Син на Отокар II. Воедно Војвода на Краков (од 1291 г.) и Крал на Полска (1300–1305).
Вацлав III
1305–1306
Син на Вацлав II. Некрунисан (како Чешки крал). Воедно Крал на Унгарија и Крал на Полска.
нединастички
Хајнрих Корушки
1306
Горички гроф. Зет на Венцислав II. Некрунисан.
Рудолф I
1306–1307
Припадник на династијата Хабсбурговци . Втор сопруг на кралицата Елисавета Рикса, вдовица на Вацлав II. Некрунисан.
Хајнрих Корушки
1307–1310
По вторпат
Династија Луксембурговци
Јован Луксембуршки
1310–1346
Зет на Венцислав II.
Карло IV
1346–1378
Син на Јован. Воедно Свет римски цар како Карло IV.
Вацлав IV
1378–1419
Син на Карло IV. Воедно Германско-римски крал до 1400 г.
Сигизмунд
1419–1437
Брат на Вацлав IV. Владдел вистински само во 1436–37 г. (поради Хуситската револуција ). Воедно Свет римски цар и Крал на Унгарија.
Династија Хабсбурговци
Албрехт
1437–1439
Зет на Сигизмунд . Воедно Германско римски крал и Крал на Унгарија.
меѓувластие
1440–1453
Доаѓањето на синот на Алберт не било признаено од чешкото благородништво; земјата била под управа на покраински и територијален земски мир.
Ладислав Посмртниот
1453–1457
Син на Алберт, роден по татковата смрт. Воедно Крал на Унгарија.
Non-Dynastic
Георги Подјебрадски
1457–1471
Избран за крал како припадник на благородничкото семејство Кунштат. Иако немал потомство, наследноста прешла на полски принц.
Матеја Корвин
1469–1490
Крал на Унгарија, избран како антикрал од побунетите чешки аристократи-католици во 1469 г., но никогаш не е крунисан. во 1479 г. се согласил да се ограничи на Моравија , Шлеска и Лужица , но задржувајќи ја титулата.
Династија Јагелонци
Владислав II Јагелонски
1471–1516
Братанец на Ладислав Посмртниот; избран на барање на неговиот претходник, Георги. Воедно Крал на Унгарија по 1490 г.
Лудвиг Јагелонски
1516–1526
Син на Владислав II. Воедно Крал на Унгарија.
Хабсбурговци
Фердинанд I
1526–1564
Шура на Лудвиг; избран за крал. Воедно Крал на Унгарија и Свет римски цар од 1558 г. (избран)
Максимилијан I
1564–1576
Син на Фердинанд I, внук на Владислав II. Воедно Крал на Унгарија и Свет римски цар.
Рудолф II
1576–1611
Син на Максимилијан I. Воедно Крал на Унгарија и Свет римски цар.
Матеја
1611–1619
Брат на Рудолф II. Воедно Крал на Унгарија и Свет римски цар.
Фердинанд II
1619–1637
Братучед на Матеја. Воедно Крал на Унгарија и Свет римски цар.
Фридрих I
1619–1620
Припадник на династијата Вителсбаховци . Избран од крунскоо собрание на почетокот на Триесетгодишната војна, но потоа ја загубил Битката на Бела Гора , па избегал од земјата.
Фердинанд III
1627–1657
Син на Фердинанд II. Воедно Крал на Унгарија и Свет римски цар.
Фердинанд IV
1646–1654
Син на Фердинанд III. Ниж совладетел заедно со татко му. Воедно Крал на Унгарија и Германско-римски крал.
Леополд I
1657–1705
Брат на Фердинанд IV. Воедно Крал на Унгарија и Свет римски цар.
Јосиф I
1705–1711
Син на Леополд I. Воедно Крал на Унгарија и Свет римски цар.
Карло II
1711–1740
Брат на Јосиф I. Воедно Крал на Унгарија и Свет римски цар како Карло VI.
Карло Алберт
1741–1743
Припадник на династијата Вителсбаховци . Шура на Јосиф I. Противкрал на Марија Терезија за време на Војната за австриското наследство . Воедно Свет римски цар како Карло VII.
Марија Терезија
1740–1780
Ќерка на Карло II. Воедно Кралица на Унгарија.
Лотариншка династија
Јосиф II
1780–1790
Син на Марија Терезија. Воедно Крал на Унгарија и Свет римски цар.
Леополд II
1790–1792
Брат на Јосиф II. Воедно Крал на Унгарија и Свет римски цар.
Франц I
1792–1835
Син на Леополд II. Воедно Крал на Унгарија, Свет римски цар до 1806 г., Цар на Австрија од 1804 г.
Фердинанд V
1835–1848
Син на Франц I. Воедно Цар на Австрија и Крал на Унгарија. Последниот крунисан крал на Чешка. Приморан да абдицира во Револуцијата од 1848 г .
Франц Јосиф I
1848–1916
Братанец на Фердинанд V. Воедно Цар на Австрија и Крал на Унгарија.
Карло III
1916–1918
Внук на брат на Франц Јосиф I. Воедно Цар на Австрија и Крал на Унгарија. Владеел кратко за време на Првата светска војна , за во ноември 1918 г. да одбие учество во државните работи, но притоа не абдицирал.