Хебрејска граматика
Хебрејската граматика или граматиката на хебрејскиот јазик е мешавина на аналитички и синтетичи елементи. Хебрејската граматика е делумно аналитичка, односно во јазикот има одредени падежни форми на дативот, аблативот и акузативот, но со користење на предлози, а не чисти падежи. Сепак, зборообразувањето игра значајна улога при создавање нови глаголи и именки.
Правопис
уредиХебрејскиот се пишува од десно кон лево со хебрејското писмо. Како и останатите самогласни писма (абџад), не се пишуваат самогласките. Сепак, поради различни причини, понекагаш треба да се бележат и самогласките. Токму поради таа потреба денес има три начина да се запишат хебрејските зборови:
- ктив хасар („пишување што недостасува“): ова дефективно писмо (начин на пишување) може да се пронајде во Тората. Понекогаш може да се смета како анахронизам за секојдневниот живот, иако сè уште може да се пронајде низ весници и објавени книги.[1] Ова е оригиналниот начин на пишување на хебрејскиот и нема никакви бележења за самогласки.
- ктив менукад („пишување со точки“ или „самогласно пишување“): овој систел на пушување покажува точно каде самогласките се наоѓаат во зборот со помош на систем на точки наречен никуд. Ретко се користи во секојдневниот живот, најчесто се користи за да се дообјасни некој двосмилен збор, во книги за деца, книги со инструкции за странци и сл.
- ктив хасар никуд („целосно пишување“ или „пишување кое нема никуд“): ова е доминантен начин за пишување на хебрејскиот и се користи во секојдневието на Израел. Овој начин користи согласки кои имаат второстепено значење на самогласки (матрес лекционис).
збор | ктив хасер | ктив менукад | ктив хасар никуд | |
---|---|---|---|---|
македонски | МФА | |||
храброст | /ˈˀomets/ | אמץ | אֹמֶץ | אומץ |
воздух | /aˈvir/ | אויר | אֲוִיר | אוויר |
распространување | /ħaluˈqa/ | חלקה | חֲלֻקָּה | חלוקה |
два | /ˈʃnajim/ | שנים | שְׁנַיִם | שניים |
Писмо
уредиХебрејскиот јазик се пишува со хебрејската азбука. Јазикот се пишува од десно кон лево. Хебрејската азбука всушност е согласно писмо (абџад) и има 22 букви. Древното палео-хебрејско писмо било слична со тоа за хананскиот и за феникискиот јазик. Современото писмо е засновано на букви кои налукуваат на коцки, познати како „ашурит“ (асирски), и потекнуваат од арамејското писмо. За рачно пишување се користи ракописно хебрејско писмо, каде буквите се покружни и поразлични одошто печатените форми. Ракописното писмо се заснова на едно постаро ракописно писмо кое се нарекува рашиево писмо. Бидејќи писмото е согласно, само се користат согласките при пишување, самогласките не се пишуваат и треба да се знаат на памет каде се при изговорот. Сепак, ако треба и тие да се запишат, тие се означени со систем на точки кои се ставаат на согласката со која прават слог, или пак преку употреба на букви кои основно означуваат согласка, а второстепено самогласка, кое пак е познато како „мајка на читањето“ или matres lectionis. Покрај надредните знаци за самогласките, во јазикот се користат надредни знаци за да се означи како точно се изговара самогласката, односно дали е 'с' или 'ш', 'б' или 'в' итн.
име | алеф | бет | гимел | далет | хе | вав | зајин | хет | тет | јод | каф | ламед | мем | нун | самех | ајин | пе | цаде | коф | реш | шин | тав |
печатно | א | ב | ג | ד | ה | ו | ז | ח | ט | י | כ | ל | מ | נ | ס | ע | פ | צ | ק | ר | ש | ת |
ракописно | ||||||||||||||||||||||
изговор | [ʔ], ∅ | [b], [v] | [g] | [d] | [h] | [v] | [z] | [x]~[χ] | [t] | [j] | [k], [x]~[χ] | [l] | [m] | [n] | [s] | [ʔ], ∅ | [p], [f] | [t͡s] | [k] | [ɣ]~[ʁ] | [ʃ], [s] | [t] |
транслитерација | ' | b, v | g | d | h | v | z | ch | t | y | k, ch | l | m | n | s | ' | p, f | tz | k | r | sh, s | t |
Фонологија
уредиСовремениот хебрејски јазик е фонетички поедноставен од библискиот хебрејски јазик бидејќи има помалку фонеми. Сепак јазикот е фонолошки посложен, односно има од 25 до 27 согласки (во зависност од тоа дали се изговараат грлените гласови) и од 8 до 10 самогласки (во зависност од тоа дали се сметаат дифтонзите).
- Согласки
Следната табела дава преглед на хебрејските согласки:[2]
уснени | венечни | преднонепчено-венечни | преднонепчени | заднонепчени | ресични | гласилни | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Препречни | избувни | p | b | t | d | k | ɡ | ʔ2 | |||||||
слеани | t͡s | (t͡ʃ)4 | (d͡ʒ)4 | ||||||||||||
струјни | f | v | s | z | ʃ | (ʒ)4 | x~χ1 | ɣ~ʁ3 | h2 | ||||||
носни | m | n | |||||||||||||
приближни | l | j | (w)4 |
- 1 Во современиот хебрејски /ħ/ за буквата ח е заменета со /x~χ/, која пак традиционално била за буквата כ.[3]
- 2 Грлените согласки воглавно не се изговараат во неакцентирани слогови, но ако се изговараат се изговараат само во формален внимателен говор. Во современиот хебрејски /ʕ/ за ע била заменета со /ʔ/ која пак традиционално била за буквата א.[3]
- 3 Често се препишува како /r/. Оваа често се изговара ако меконепчана струјна [ɣ], понекогаш како ресна струјна или апроксимантна [ʁ], а понекогаш како ресна или алвеоларна вевна согласка, сè во зависност од човекот и неговото потекло.[3]
- 4 Фонемите /w, tʃ, dʒ, ʒ/ не се матични за хебрејскиот, и тие се позајмени од странски зборови и јазици.
Препречните согласки се асимилираат во озвучување, односно безвучните (/p t ts tʃ k, f s ʃ x/) стануваат звучни ([b d dz dʒ ɡ, v z ʒ ɣ]) кога се појавуваат веднаш пред звучна препречна согласка и обратно.
- Самогласки
Во хебрејскиот има девет самогласки, од кои пет се кратки и четири долги:[2]
предни | средни | задни | |
---|---|---|---|
високи | i iː | u | |
средни | e̞ e̞ː | o̞ o̞ː | |
ниски | ä äː |
Долгите самогласки се појавуваат непредвидено каде имало две самогласки разделени со грлена или гласилна самогласка. Секоја од петте самогласки може да се реализира со темен глас [ə] кога не е акцентирано. Во јазикот има и два дифтонга /aj/ (ај) и /ej/ (еј).[2]
Кај повеќето од зборовите во хебрејскиот акцентот паѓа на еден од двата последни слога во зборот, а најечест е акцентот на последниот слог.
Морфологија
уредиКако и сите семитски јазици, така и хебрејскиот има коренски форми кои се типишно трилитерални, или составен од 3 согласки (но постојат и корени од по 4 согласки). Од овие корени се создаваат именки, придавки и глаголи. Преку внетнување самогласки, удвојување на согласките и со додавање на афикси се создаваат новите зборови.
Хебрејскиот јазик користи бројни претставки од по една буква кои се користат за различни цели. Тие се нарекуваат „неразделни препозоции“ или „корисни букви“ (אותיות השימוש, Otiyot HaShimush). Такви се на пример членот ha- (/ha/) (определен член); be- (/bə/) (="во"), le- (/lə/) (="до"), mi- (/mi/) (="од"; кратка форма на min); ve- (/və/) (="и"), she- (/ʃe/) (="дека"), ke- (/kə/) (="како"), итн.
Придавки
уредиПридавките во хебрејскиот јазик доаѓаат по именката и се менуваат по род, број и определеност:
- סֵפֶר קָטָן /ˈsefer kaˈtan/ ( мала книга)
- סְפָרִים קְטַנִּים /səfaˈrim kətaˈnim/ ( мали книги)
- בֻּבָּה קְטַנָּה /buˈba kətaˈna/ ( мала кукла)
- בֻּבּוֹת קְטַנּוֹת /buˈbot kətaˈnot/ (мали кукли)
Придавките кои завршуваат на -i имаат малку поразлична форма:
- אִישׁ מְקוֹמִי /ʔiʃ məkoˈmi/ ( локален маж)
- אִשָּׁה מְקוֹמִית /ʔiˈʃa məkoˈmit/ (' локална жена)
- אֲנָשִׁים מְקוֹמִיִּים /ʔanaˈʃim məkomiˈjim/ (локални мажи)
- נָשִׁים מְקוֹמִיּוֹת /naˈʃim məkomiˈjot/ (локални жени)
Именките од машки род кои имаат женски наставки за множина /-ot/ сепак имаат наставки од машки род за придавки во множина, пр. מְקוֹמוֹת יָפִים /məkoˈmot jaˈfim/ (убави места). Ова важи за истиот процес за именки од женски род кои завршуваат на /-im/, пр. מִלִּים אֲרֻכּוֹת /miˈlim ʔaruˈkot/ (долги зборови).
Голем број од придавките во хебрејскиот потекнуваат од сегашната форма на глаголите. Овие придавки се менуваат исто како глаголите од кои потекнуваат:
- סוֹעֵר /soˈʕer/ (бурно, paʕal) → סוֹעֶרֶת /soˈʕeret/, סוֹעֲרִים /soʕaˈrim/, סוֹעֲרוֹת /soʕaˈrot/
- מְנֻתָּק /menuˈtak/ (отуѓено, puʕal) → מְנֻתֶּקֶת /menuˈteket/, מְנֻתָּקִים /menutaˈkim/, מְנֻתָּקוֹת /menutaˈkot/
- מַרְשִׁים /marˈʃim/ (импресивно, hifʕil) → מַרְשִׁימָה /marʃiˈma/, מַרְשִׁימִים /marʃiˈmim/, מַרְשִׁימוֹת /marʃiˈmot/
Предлози
уредиКако и македонскиот и англискиот, така и хебрејскиот е јазик со важна улога на предлозите. Јазикот има поголем број предлози. Сепак, неколкуте од најважните хебрејски предлози не се посебни зборови во реченицата, туку се претставки. Така на пример, предлогот „во“ во фразата „во собата“ на хебрејски е בַּחֶדֶר /ba-ˈħeder/.
Предлогот אֶת /ʔet/ има важна улога во хебрејската граматика. Негова најчеста употреба е да го претстави директниот предмет. Така на пример, реченицата „Јас ја гледам книгата“ на хебрејски е אֲנִי רוֹאֶה אֶת הַסֵּפֶר /ʔaˈni roˈʔe ʔet ha-ˈsefer/ (буквално Јас гледам /ʔet/ книга-та). Сепак, אֶת /ʔet/ се користи само со семантички „определен“ директен предмет, како што се именки со определен член, лични имиња и лични заменки. За семантички „неопределени“ предмет едноставно не се користи, како на пример во אֲנִי רוֹאֶה סֵפֶר ʔani roʔe sefer (Јас гледам книга). На македонски нема таков предлог, а може да се именува како „предметен предлог“.
Предлогот אֶת /ʔet/ исто така има бројни специјални употреби. На пример, кога придавката צָרִיךְ /t͡saˈriχ/ (нужен (од)) зема определена именка, тогаш се користи предлогот אֶת /ʔet/: הָיִיתִי צָרִיךְ אֶת זֶה /haˈjiti t͡saˈriχ ʔet ze/ (буквално Јас-имав нужда-од /ʔet/ ова, односно Ми треба ова). Како и претходно кажаното, אֶת /ʔet/ се испушта ако има неопределена именка: הָיוּ צְרִיכִים יוֹתֵר /haˈju t͡səriˈχim joˈter/ (буквално тие-имаа нужда-од-повеќе, односно Ним им требаше повеќе). Ова е поврзано со глаголскиот вид со кој се користи придавката.
Кај индиректниот предмет има потреба од предлог. За тоа кој предлог ќе се користи зависи од глаголот. За нив треба да се има добро познавање или да се ослони кон соодветна литература. Хебрејската граматика разликува различни видови индиректни предмети, во зависност од тоа што се определува. Така, има временски предмет תֵּאוּר זְמַן (/teˈʔur zəman/), предмет за место תֵּאוּר מָקוֹם (/teʔur maˈkom/), премет за причина תֵּאוּר סִבָּה (/teˈʔur siˈba/) и многу други.
Прилози
уредиНекои придавки во хебрејскиот имаат и функција на прилози, со иста форма и изговор. Ако придавката е прилог, тогаш таа е во машки род еднина:
- חָזָק /ħaˈzak/ (силен или силно)
- בָּרוּר /baˈrur/ (јасен или јасно)
Во други случаи, прилогот има посебна форма:
- מַהֵר /maˈher/ (брзо; од придавката מָהִיר /maˈhir/, брз)
- לְאַט /ləʔat/ (споро; од придавката אִטִּי /iˈti/, споро)
- הֵיטֵב /heˈtev/ (добро; од придавката טוֹב /tov/, добро)
Трет случај е кога прилогот произлегува од придавка, користејќи ја формата за женски род единина (поетски стил) или женски род множина:
- אוֹטוֹמָטִית /otoˈmatit/ (автоматски)
- קַלּוֹת /kaˈlot/ (лесно)
Сепак, повеќето прилози не се совпаѓаат со придавките, туку имаат „прилозни фрази“ кои се создаваат на еден од следниве начини:
- користејќи ja прилошката претставка ב /be-/ (во) со со соодветната апстрактна именка на придавката:
- בִּזְהִירוּת /bi-zhiˈrut/ („во грижа“: грижливо)
- בַּעֲדִינוּת /ba-ʕadiˈnut/ („во финост“: фино)
- користејќи ja истata претставка, но со именката אֹפֶן /ˈʔofen/ (начин) и такак ја модифицира именката со формата на придавката во машки род еднина:
- בְּאֹפֶן אִטִּי /bəˈʔofen ʔiˈti/ („на спор начин“: с'поро').
- слично, но со именката צוּרָה /t͡suˈra/ (како/форма), и користејќу ја формата на придавката во женски род еднина:
- בְּצוּרָה אָפְיָנִית /bə-t͡suˈra ʔofjaˈnit/ („во карактеристична форма“: карактеристично).
Употребата на еден од начините не значи дека ги исклучува и другите начини. Еден прилог може да се направи со повеќе начини. Како и во англискиот, така и во хебрејскиот има прилози кои не се совпаѓаат со соодветната придавка:
- לָכֵן /laˈχen/ (така што)
- כָּכָה /ˈkaχa/ (така)
Синтакса
уредиСекој хебрејски збор мора да содржи најмалку еден подмет, еден прирок, а другите елементи се незадолжителни. Зборовниот ред на современиот хебрејски е случен со македонскиот и ангискиот на пример,односно подмет-прирок-предмет, за разлика од библискиот хебрејски кој имал зборовен редослед прирок-подмет-предмет.[4] Современиот хебрејски е окарактеризиран по асиметријата помеѓу определениот предмет и неопределениот предмет. Во јазикот има акузативен бележник „ет“, само пред определен предмет (повеќето се определени именки и лични имиња). „Ет“ и „ха“ во скоро време се во процес на спојување и има тежнеење да станат „та“,[5]. Останати синтаксни одлики на хебрејскиот се:
- повеќето од хебрејските реченици имаат неколку точни зборовни редоследи. Може да се променат местата на зборовите и пак да се добие истото значење, слично како македонскиот.
- во јазикот нема збор кој би се претпоставило дека доаѓа пред секоја именка во еднина (како на пример членот).
- речениците во хебрејскиот може да не вклучат глаголи, глаголот „сум“ може да биде избришан во сегашно време.
Наводи
уреди- ↑ Kedem, Einat. „כתיב מלא (בעיות), כתיב חסר (היגיון)“. articles.co.il.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Dekel 2014
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Dekel 2014.
- ↑ „Basic Word Order in the Biblical Hebrew Verbal Clause, Part 6 | Ancient Hebrew Grammar“. Ancienthebrewgrammar.wordpress.com. Посетено на 2013-04-25.
- ↑ Consider ten li et ha-séfer "give:2ndPerson.Masculine.Singular.Imperative to-me ACCUSATIVE the-book" (i.e. "Give me the book!"), where et, albeit syntactically a case-marker, is a preposition and ha is a definite article. This sentence is realised phonetically as ten li ta-séfer