Отвори го главното мени

Арамејска азбука

(Пренасочено од Арамејско писмо)

Арамејската азбука често се нарекува и како абџад, односно согласна азбука која се користела за пишување на арамејски јазик. Таа настанала од феникиската азбука и се одделила потполно од 8 век п.н.е. Како и останатите абџадски азбуки, сите букви се согласки од кои некои означуваат долги самогласки.

Арамејска азбука
ТипАбџад
Јазициарамејски, хебрејски, сириски, мандајски
Период800 п.н.е. до 600 г.
Матични системи
Изведени системихебрејска
набатаеанска
сириска
палмиренско
мандајско
брахмиско
пахлевиско
согдинска
гандхариско
грузиска
Напомена: Страницава може да содржи фонетски симболи од МФА.
Двојазичен натпис од индискиот император Ашока од 3 в. п.н.е.


Арамејската азбука е историски значајна бидејќи сите денешни блискоисточни писма се наследници од ова писмо, како и некои алтајски јазици во Централна и Источна Азија. Тоа е поради широката зборуваност на јазикот како лингва франка и како официјален јазик на нео-асирската, вавилонската и персиската империја. Светите книги на јудаизмот и исламот, како и некои христијански и будистички текстови биле напишани на писма што биле поврзани со арамејското писмо.

ИсторијаУреди

Најраните натписи на арамејски јазик биле со феникиска азбука. Подоцна таа варијанта на писмо прераснала во посебно писмо приложено подолу. Постепено арамејскиот станал лингва франка на Средниот Исток и ги заменил постоечките јазици во империите во тој регион. Постепено и хебрејскиот јазик го прифатил ова писмо, а пред тоа тој јазик користел азбука слична на феникиската.

АзбукаУреди

Име на буква Форма на буква Еквивалент на хебрејски Еквивалент на сириски Звучна вредност
Алаф   א ܐ /ʔ/; /aː/, /eː/
Бет   ב ܒ /b/, /v/
Гамал   ג ܓ /ɡ/, /ɣ/
Далат   ד ܕ /d/, /ð/
Хе   ה ܗ /h/
Вав   ו ܘ /w/; /oː/, /uː/
Заин   ז ܙ /z/
Хет   ח ܚ /ħ/
Тет   ט ܛ /tˁ/
Јуд   י ܝ /j/; /iː/, /eː/
Каф   כ ך ܟܟ /k/, /x/
Ламад   ל ܠ /l/
Мим   מ ם ܡܡ /m/
Нун   נ ן ܢܢ ܢ /n/
Семкат   ס ܣ /s/
Е   ע ܥ /ʕ/
Пе   פ ף ܦ /p/, /f/
Саде  ,   צ ץ ܨ /sˤ/
Коп   ק ܩ /q/
Реш   ר ܪ /r/
Шин   ש ܫ /ʃ/
Тау   ת ܬ /t/, /θ/

НаводиУреди

  • Daniels, Peter T., et al. eds. The World's Writing Systems Oxford. (1996)
  • Coulmas, Florian. The Writing Systems of the World Blackwell Publishers Ltd, Oxford. (1989)

Надворешни врскиУреди