Тихоокеанска Плоча

тектонска плоча

Тихоокеанска Плоча — океанска тектонска плоча сместена под Тихиот Океан. Со површина од 103.300.000 км2 ова е најголемата тектонска плоча во светот.[1]

Тихоокеанска Плоча
Видголема
Површина103.300.000 км2
Движење1северозапад
Брзина156–102 мм годишно
ОпфаќаДолна Калифорнија, Јужна Калифорнија, Хавајски Острови, Нов Зеланд, Соломонски Острови, Југоисточна Алјаска, Тихи Океан
1Во однос на Африканската Плоча
Тихоокеанската и други поголеми плочи на Земјината литосфера.

Плочата настанала како микроплоча пред 190 милиони години, тројната точка помеѓу Фараљонската, Фениксовата и Изанашката Плоча. Тихоокеанската Плоча потоа нараснала дотаму што денес го опфаќа речиси сиот простор под Тихиот Океан. Со ова Фараљонската Плоча се смалила на неколку остатоци долж западниот брег на Америка, а Фениксовата Плоча на мал остаток близу Дрејковиот Премин. Изанашката Плоча биле уништена со подвлекување под Азија.

Тихоокеанската Плоча има внатрешна врела точка која ги образувала Хавајските Острови.[2]

Граници

уреди

Североисточната страна е раздвојувачка граница со Истражувачката Плоча, плочата Хуан де Фука и Гордската Плоча, соодветно образувајќи ги ’ртовите Експлорер, Хуан де Фука и Горда. Во средината на источната страна се наоѓа трансформен расед со Северноамериканската Плоча долж раседот Сан Андреас, како и граница со Кокоската Плоча. Југоисточната страна е раздвојувачка граница со Насканската Плоча, образувајќи го Источнотихоокеанскиот Гребен.

Јужната страна е раздвојувачка граница со Антарктичката Плоча, образувајќи го Тихоокеанско-антарктичкиот Гребен.

Западната страна се граничи со Охотската Плоча во Курилско-камчатскиот и Јапонскиот Ров. Плочата образува раздвојувачка граница by подвлекување под Филипинската Плоча создавајќи го Маријанскиот Ров, има трансформен расед со Каролисната Плоча и судирна граница со Севернобизмарковата Плоча.

На југозапад Тихоокеанската Плоча е сложена, но начелно приближувачка граница со Индоавстралиската Плоча, подвлекувајќи го по дсебе северот на Нов Зеланд, образувајќи ги Тонганскиот и Кермадечкиот Ров. Алпскиот Расед е трансформен расед помеѓу двете плочи, а понајуг Индоавстралиската Плоча се подвлекува под Тихоокеанската, образувајќи го Пијсегирскиот Ров. Јужниот дел од Зеландија, кој лежи на исток до оваа граница, е најголемиот блок од континентална кора на плочата.

Северната страна е приближувачка граница која се подвлекува под Северноамериканската Плоча образувајќи го Алеутскиот Ров и неговите Алеутски Острови.

Палеогеологија на Тихоокеанската Плоча

уреди
 
Тихоокеанската Плоча почнала да се образува со дестабилизацијата на тројната точка во средиштето на Панталаса пред 190 милиони години.

Тихоокеанската Плоча речиси целосно се состои од океанска кора, но има извесен дел од континентална кора во Нов Зеланд, Долна Калифорнија и крејбрежна Калифорнија.[2]

Геолошка карта на дното на Тихиот Океан ги покажува не само геолошките низи и принадлежните подрачја на Огнен Прстен на океанските рабови, туку и разните старости на морското дно на скалест начин, од најмладо до најстаро, при што најстариот е обземен од азиските океански ровови. Најстариот дел кој исчезнува по пат на тектонски циклус датира од раната креда (пред 145-137 милиони години).[3]

Тихоокеанската Плоча настанала во тројната точка на трите главни океански плочи на праокеанот Панталаса — Фараљонската, Фениксовата и Изанашката, пред околу 190 милиони години. Плочата се создала бидејќи тројната точка добила нестабилен облик, опкружена од сите страни со трансформни раседи, поради појавувањето на кривина во една од плочните граници. Најстариот дел на Тихоокеанската Плоча, наречен „Тихоокеански Триаголник“, создаден во првите фази, се наоѓа источно од Маријанскиот Ров.[4] Растот на Тихоокеанската Плоча ја свел Фараљонската Плоча на неколку остатоци долж западниот брег на Америка (како плочата Хуан де Фука)[5] и Фениксовата Плоча на мал остаток близу Дрејковиот Премин.[6] Изанашката Плоча била уништена со нејзино подвлекување под Азија.[7]

Наводи

уреди
  1. „SFT and the Earth's Tectonic Plates“. Los Alamos National Laboratory. Архивирано од изворникот на 17 февруари 2013. Посетено на 27 февруари 2013.
  2. 2,0 2,1 Wolfgang Frisch; Martin Meschede; Ronald C. Blakey (2 ноември 2010). Plate Tectonics: Continental Drift and Mountain Building. Springer Science & Business Media. стр. 11–12. ISBN 978-3-540-76504-2.
  3. „Age of the Ocean Floor“. Архивирано од изворникот 6 август 2016. Посетено на 7 февруари 2009.
  4. Boschman, Lydian M.; Hinsbergen, Douwe J. J. van (1 јули 2016). „On the enigmatic birth of the Pacific Plate within the Panthalassa Ocean“. Science Advances. 2 (7): e1600022. Bibcode:2016SciA....2E0022B. doi:10.1126/sciadv.1600022. ISSN 2375-2548. PMC 5919776. PMID 29713683.
  5. Lonsdale, Peter (1 август 2005). „Creation of the Cocos and Nazca plates by fission of the Farallon plate“. Tectonophysics. 404 (3–4): 237–264. Bibcode:2005Tectp.404..237L. doi:10.1016/j.tecto.2005.05.011.
  6. Eagles, Graeme (2003). „Tectonic evolution of the Antarctic–Phoenix plate system since 15 Ma“. Earth and Planetary Science Letters: 97, 98. ISSN 0012-821X.
  7. Seton, M.; Müller, R. D.; Zahirovic, S.; Gaina, C.; Torsvik, T.; Shephard, G.; Talsma, A.; Gurnis, M.; Maus, S.; Chandler, M. (2012). „Global continental and ocean basin reconstructions since 200Ma“. Earth-Science Reviews. 113 (3): 212–270. Bibcode:2012ESRv..113..212S. doi:10.1016/j.earscirev.2012.03.002. Посетено на 23 октомври 2016.

Надворешни врски

уреди