Фредерик Коплстон

Фредерик Чарлс Коплстон (Самерсет, 10 април 1907 - Лондон, 3 февруари 1994) бил филозоф и најголем англиски историчар на филозофијата. Во целиот свет бил познат по неговото обемно дело Фредерик Коплстон: Историчар на филозофијата (1946-75) које е издадено во IX томови на преку 4500 страници.

Фредерик Коплстон (1907-1994)

Копелстон постигнал висок степен на популарност во медиумти, благодарение за дискусијата околу Постоењето на Богa воден од водени од Бертран Расел во радио емисијата Би-би-си во 1948 година. Наредната годна ја толкувал дискусијата за Логички позитивизам со своите пријатели филозофи Алфредом Џ. Ајером.

Животопис

уреди

Фредерик Чарлс Коплстон е роден на 10 април 1907 година во близина на Таунтон, Самерсет, Англија. Тој израснал во англиканската вера на неговиот вујко, Реџиналд Стивен Коплстон, кој бил англикански епископ во Калкута. Студирал во Марлборо колеџ од 1920 до 1925 година. Тој својата вера ја промени во римокатоличка, што предизвикало голем стрес во неговата фамилија. Неговиот татко му помогнал да го заврши своето школување во Сент Џон Колеџ, Оксфорд, каде студирал од 1925 до 1929 година. Дипломирал на Универзитетот на Оксфорд во 1929 година како трет најдобар ученик во неговиот клас.

Годината 1930, Коплстон станал језуита. Студирал во језуитскиот колеџ во Роеџамптон каде останал две години, после тоа тој се преселил во Хеитроп, каде во 1937 година каде добил помош од страна на језуитскиот свештеник во Хејтроповиот колеџ. Годината 1938 патува во Германија да ја заврши својата обука. Во Велика Британија се вратил кога започнала војната во 1939 година. Коплстон првобитно имал намера да студира во Грегоријанскиот универзитет во Рим поради својот докторат. Наместо тоа тој прифатил да се врати во Хеитроп колеџ каде предава историја на филозофијата на останатите језуити.

Во остаток од својата академска каријера, Коплстон прифаќал голем број на почесни услуги, вклучувајќи го и гостувањето како професор на Понтификални грегоријански универзитет во Рим, каде поминал шест месеци од секоја година и предавал од 1952 до 1968 година.Во 1970 година тој станал соработник со Британската академија.

По неговото официјално пензионирање [(1974)], продолжил да предава. Од 1974 до 1982 година, Колстон бил на гостување како професор на Универзитетот во Санта Клара Универзитетот во Санта Клара, а од 1979 до 1981 година, држел предавања на Универзитетот во Абердин. Во овие предавања тој се обидувал да ги "изрази темите за неговото децениско размислување, повеќе лично отколку во својата историја". На крајот од својот живот, Колпстон добива почесни докторати од неколку институции, вклучувајќи го Универзитетот Санта Клара од Калифорнија, Универзитетот во Упсала и Универзитетот Сент Ендруз.

Исто така на Копелстон му било понудено членство во Кралскиот институт за филозофија и во Аристотелеското општество. Во 1993 година тој стекнал Орден на Витез на Британската Империја. Коплстон умрел на 3 февруари 1994 година во Сент Томас (болница во Лондон).