Фотун (грчки: Φυτώκι, Фитоки) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 18 жители (2021).

Фотун
Φυτώκι
Фотун is located in Грција
Фотун
Фотун
Местоположба во областа
Фотун во рамките на Горуша (општина)
Фотун
Местоположба на Фотун во општината Горуша и областа Западна Македонија
Координати: 40°14′N 21°21′E / 40.233° СГШ; 21.350° ИГД / 40.233; 21.350
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаГоруша
Општ. единицаЦотил
Надм. вис.&10000000000000630000000630 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно18
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во областа Населица, околу 15 км југозападно од градот Лапчишта и на 2 км јужно од селото Цакнохор, на левата страна на реката Праморица, на надморска височина од 635 м.[2] Селскиот атар се граничи со општината Гребен на југ.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во ХІХ век Фотун било грчко село во Населичката каза на Серфиџенскиот санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Фотун живееле 100 Грци.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Фетун е претставено како чисто грчко село во Населичката каза на Серфиџенскиот санџак со 17 куќи.[4]

По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Фотун (Fotoun) има 85 Грци.[5]

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Фотун живееле 120 Грци христијани.[6]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 10 жители. Нивниот број во 1920 г. се зголемил на 51. Во 1923 г. се населиле 26 бегалски семејства (вкупно 86 бегалци), така што селото станало мешана населба.[2]

Стопанство

уреди

Населението одгледува жито, тутун и други земјоделски производи, а помалку се занимава и состочарството.[2]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 121 117 107 89 74 66 74 38 18
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Цотил со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Горуша, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Цакнохор, во кој влегуваат и селата Сокол и Цакнохор.

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 348.
  3. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 273. ISBN 954430424X.
  4. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 77.
  5. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 226–227.
  6. Σπανός, Κώστας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.