Сокол (Населичко)
Сокол (грчки: Παρόχθιο, Парохтио; до 1927 г. Συγκόλι(ον), Синголи(он)[2]) — напуштено село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Иако е запустено и во урнатини, селото не е отпишано.
Сокол Παρόχθιο | |
---|---|
Координати: 40°14.20′N 21°22.46′E / 40.23667° СГШ; 21.37433° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Кожански |
Општина | Горуша |
Општ. единица | Цотил |
Надм. вис. | 630 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 0 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиНапуштеното село се наоѓа во областа Населица, десетина километри јужно од гратчето Лапчишта и околу 7 километри југоисточно од Цотил. Лежи помеѓу свиоците на реката Праморица. Атарот на југ му се граничи со гребенското село Дувруништа.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиОд името е очигледно дека селото првично било македонско. На крајот на XIX век Сокол (Сингол) било чифлигарско село во јужнот крај на Населичката каза. Според Васил К’нчов во 1900 г. во Сокол (Соколъ) живееле 30 Валахади (Грци-муслимани).[3]
Според статистика на грчкиот конзулат во Еласона од 1904 г. Синголион (Συγκόλιον) имал 50 Грци христијани,[4] очигледно погрешно заведувајќи им ја вероисповедта.
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. Сокол е припоен кон Грција согласно Букурешкиот договор. Бидејќи пострадало во војните, на пописот од таа година е заведено како напуштено,[5] а истата состојба е забележана и во 1920 г.[6]
Во 1923 г. тука властите сместиле грчки дојденци од Мала Азија, па на пописот од 1928 г. е Сокол е заведен како наполно дојденско село со 68 грчки дојденци (20 семејства).[7]
Во 1927 г. е напуштено дотогашното грцизирано македонско име Синголи во полза на новото име Парохтио, што во превод значи „прибрежно“, веројатно поради неговата поставеност крај реката Праморица. Во 1940 г. селото се зголемило 189 жители, што се должи на понатамошните доселувања.[6]
Во 1950-те и 1960-те години селото било зафатено од бран преселби во градовите и во странство, поради што во 1961 г. се смалило на 92 жители,[6] а на крајот од тоа десетлетие било конечно напуштено. Денес сите градби се во рушевини, со исклучок на црквата „Св. Бессребреници“ и зградата на основното училиште.[8]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 180 | 121 | 92 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Συγκόλιον -- Παρόχθιον
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 273.
- ↑ Σπανός, Κωνσταντίνος. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
- ↑ „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 347.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Παρόχθιο (Сокол) — профил на Викимапија