Фести Ебоселе

Фести Ебоселе (роден на 2 август 2002 година, во Енискорти) — ирски фудбалер, играч од одбраната на Удинезе и на ирската репрезентација под 21 година.

Фести Ебоселе
Лични податоци
Полно име Фести Осеиве Ебоселе
Роден на 2 август 2002 (2002-08-02) (20 г.)
Роден во Енискорти, Ирска
Држава Ирска Ирска
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Удинезе Удинезе
Број 2
Младинска кариера
2016–2018 Бреј Вондерерс Бреј Вондерерс
2018–2020 Дарби Каунти Дарби Каунти
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2021–2022 Дарби Каунти Дарби Каунти 38 (2)
2022– Удинезе Удинезе 1 (0)
Репрезентација
2018 Ирска Ирска 16 2 (0)
2018-2019 Ирска Ирска 17 7 (1)
2019-2020 Ирска Ирска 19 7 (0)
2021- Ирска Ирска 21 4 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 20 мај 2018.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 29 мај 2018

БиографијаУреди

Роден е во Енискорти, грофовијата Вексфорд, од семејство со нигериско потекло.

Технички каратеристикиУреди

Неговата примарна позиција е десен бек, но тој може да игра и како десно крило во средниот ред или како лев бек.[1] Опремен со добра техника и одличен дриблинг, умешен е во офанзивната фаза, благодарение пред се на неговата издржливост и атлетицизам.[2]

Клупска кариераУреди

Дарби КаунтиУреди

Израснал во младинските сектори на Мојн Ренџерс и Бреј Вондерерс, тој бил купен во 2018 година од англискиот клуб Дарби Каунти, кој првично го додал во својот младински тим. Своето деби за првиот тим го имал на 9 јануари 2021 година, во поразот со 2-0 на гостувањето кај нисколигашот Чорли во рамките на третата рунда од ФА Купот, натпревар во кој тој и уште тринаесет момчиња од младинскиот сектор дебитирале поради избувнување на заразени со Ковид-19 што го принудило првиот тим на Дарби да оди во изолација.[3] Својот прв првенствен натпревар го одиграл на 10 април 2021 година, влегувајќи како замена во поразот со 1–0 од Норич Сити во Чемпионшип.[4] На 6 ноември истата година, Ебоселе го постигнал првиот сениорски гол во ремито 1–1 против Милвол.[5]

Во март 2022 година, по финансиските проблеми на тимот, тој објавил дека не сака да го продолжи договорот.[6] Вкупно за овните настапил во 41 натпревар и постигнал 2 гола.

УдинезеУреди

На 21 март 2022 година, тој објавил дека се согласил на договор со италијанскиот клуб Удинезе во времетраење од 5 години.[7] Откако во текот на летото му се приклучил на клубот, Ебоселе го направил своето деби како за Удинезе така и во италијанската Серија А, на 13 август 2022 во поразот со 4-2 на гостувањето кај Милан. Со тоа, тој станал првиот ирски играч кој настапил на еден натпревар од Серија А по пауза од 22 години и Роби Кин.[8]

Репрезентативна кариераУреди

Тој ја претставувал Ирска во селекциите под 16, 17 и 21 година. На 25 мај 2022 година, тој бил повикан за прв пат во сениорската репрезентација, за натпреварите од Лигата на нации против Ерменија, Украина и Шкотска.[9]

Статистика на кариератаУреди

Клупска статистикаУреди

Статистиката е ажурирана на 13 август 2022.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2020-2021   Дарби Каунти ФЛЧ 3 0 ФАКуп+ЛК 1+0 0+0 - - - - - - 4 0
2021-2022 ФЛЧ 35 2 ФАКуп+ЛК 1+1 0 - - - - - - 37 2
Вкупно Дарби Каунти 38 2 2+1 0+0 0 0 - - - - 41 2
2022-2023   Удинезе А 1 0 КИ 0 0 - - - - - - 1 0
Вкупно во кариерата 39 2 3 0 - - - - 42 2

НаводиУреди

  1. „Профил на играчот“. Посетено на 20 јули 2022.
  2. „Calciomercato, da Ebosele a Lovric: chi sono i nuovi acquisti dell'Udinese e cosa cambia al fantacalcio“. 27 јуни 2022. Посетено на 20 јули 2022.
  3. „Chorley 2-0 Derby County“. bbc.com/sport/football. 9 јануари 2021. Посетено на 20 јули 2022.
  4. „Derby County 0–1 Norwich City“. British Broadcasting Corporation. 10 April 2021. Посетено на 10 April 2021.
  5. „Millwall 1–1 Derby County“. BBC Sport. 6 November 2021. Посетено на 1 May 2022.
  6. „Wayne Rooney: Derby County manager says entire squad wants to stay following relegation“. bbc.com/sport/football. 22 април 2022. Посетено на 20 јули 2022.
  7. „Festy Ebosele bianconero fino al 2027“. udinese.it. 21 март 2022. Занемарен непознатиот параметар |accesso= (се препорачува |access-date=) (help)
  8. „Euro wrap: Ebosele makes Serie A debut against AC Milan“ (англиски). RTE. 2022-08-13. Посетено на 2022-08-14.
  9. „Kenny names 27-man squad for Nations League ties“. fai.ie. 25 мај 2022. Посетено на 20 јули 2022.

Надворешни врскиУреди