Јака Бијол (роден на 5 февруари 1999 година, во Вузеница) — словенечки фудбалер, играч од одбраната на Удинезе и на словенечката репрезентација.

Јака Бијол
Лични податоци
Роден на 5 февруари 1999(1999-02-05)(25 г.)
Роден во Вузеница, Словенија
Држава Словенија Словенија
Висина &100000000000001900000001,90 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Удинезе Удинезе
Број 29
Младинска кариера
Дравоград
Браво Браво
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2014-2017 Рудар Велење Рудар Велење 30 (3)
2018-2022 ЦСКА Москва ЦСКА Москва 81 (6)
2020-2021Хановер 96 Хановер 96 30 (0)
2022- Удинезе Удинезе 44 (3)
Репрезентација
2014 Словенија Словенија 16 4 (0)
2015-2016 Словенија Словенија 17 10 (1)
2015 Словенија Словенија 18 10 (2)
2016-2017 Словенија Словенија 19 2 (0)
2017-2019 Словенија Словенија 21 3 (0)
2020- Словенија Словенија 50 (1)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 13 мај 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 1 јули 2012

Технички карактеристики

уреди

Кариерата ја започнал како дефанзивен играч од средниот ред, но подоцна се прилагодил во улогата на централен дефанзивец.[1] Има добра техника и извонредна физичка подготвеност, а познат е и како доминантен во воздушните дуели поради добрата игра со глава.[1]

Клупска кариера

уреди

Израснат во младинските редови на Рудар Велење, тој го направил своето деби за првиот тим на 16 јули 2017 година за време на првенствениот натпревар добиен со 2-1 против Домжале.

После одличната прва сезона во кариерата, на 22 јуни 2018 година, бил купен од ЦСКА Москва.[2]

На 18 септември 2020 година, бил позајмен на Хановер.[3][4]

На 14 јули 2022 година, тој потпишал петгодишен договор со Удинезе.[1][5] Своето деби со фриулијанците го имал на 5 август во успехот со 2-1 над Фералписало во осминафиналето на Купот на Италија. На 20 август дебитирал во Серија А, во ремито без голови на домашен терен против Салернитана. На 18 септември, тој го постигнал својот прв гол за Удинезе во првенствената победа со 3-1 над Интер. На 3 октомври го постигнал својот втор последователен гол во Серија А против Верона. Неговиот гол во 93-тата минута му ја донел на Удинезе шесттата последователна победа.

Репрезентативна кариера

уреди

Откако во периодот 2014-2018 ги претставувал речиси сите младински селекции на Словенија, од под 16 до под 21 година.

На 13 октомври 2018 година, Бијол дебитирал за сениорската репрезентација на Словенија во натпреварот од УЕФА Лигата на нации против Норвешка, кој Словенија го загубила со 1-0.[6] Тој го постигна својот прв гол за репрезентацијата во пријателски натпревар против Хрватска на 26 март 2022 година, постигнувајќи гол во дополнителното време за да изедначи на 1–1.[7]

Во јуни 2024 година, бил повикан да игра за Словенија на Европското првенство 2024 во Германија.

Титули

уреди

Клупски

уреди

  ЦСКА Москва

уреди
2018

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Jaka Bijol è bianconero“. Посетено на 2022-07-14.
  2. „Адольфо Гайч пополнил состав ПФК ЦСКА“ (руски). 22 јуни 2018. Посетено на 19 септември 2020.
  3. http://pfc-cska.com/novosti/vse-novosti/novosti-osnovy/yaka-biyol-prodolzhit-sezon-v-gannovere/. Посетено на 2020-09-19. Занемарен непознатиот параметар |titolo= (се препорачува |title=) (help); Занемарен непознатиот параметар |datе= (help); Занемарен непознатиот параметар |lаnguage= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  4. "Verkörpert, was wir brauchen": 96 leiht Bijol mit Kaufoption“ (германски). 18 септември 2020. Посетено на 2020-09-19.
  5. „Яка Бийол перешел в Удинезе“ (руски). Посетено на 2022-07-15.
  6. „Slovenci razočarali tudi v Oslu“. Dnevnik (словенечки). 13 October 2018. Посетено на 28 February 2024.
  7. „Slovenia steal late goal to draw friendly with Croatia“. ESPN. 17 May 2023. Посетено на 28 February 2024.

Надворешни врски

уреди