Укермарк (округ)
- Оваа статија е за округот во Германија. За историската област, видете Укермарк. За информации околу истоимениот нацистички концентрациски камп, видете Укермарк (концентрациски камп).
Укермарк (германски: Uckermark) — округ во североисточниот дел на сојузната покраина Бранденбург, Германија. Соседни окрузи се (од југ надесно) Барним и Горен Хафел, окрузите Мекленбуршка Езерска Област и Западна Померанија-Грајфсвалд во Мекленбург-Западна Померанија и на исток Полска. До создавањето на округот Мекленбуршка Езерска Област во 2011 бил најголем округ во Германија гледано според територија. Округот е именуван по историската област Укермарк.
Укермарк Landkreis Uckermark | |||
---|---|---|---|
округ | |||
Земја | Германија | ||
Покраина | Бранденбург | ||
Седиште | Пренцлау | ||
Површина | |||
• Вкупна | 3,058,2 км2 (1,180,8 ми2) | ||
Население (31 декември 2022)[1] | |||
• Вкупно | 117.845 | ||
• Густина | 39/км2 (100/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Рег. таб. | UM | ||
Мреж. место | http://www.uckermark.de |
Географија
уредиУкермарк е именуван по реката Укер, која е притока на Одра. Реката Одра ја создава полската граница, до каде се протега и округот. Во округот се наоѓаат 600 езера и реки во вкупна должина од 2.800 километри. Ретки диви животни сè уште живеат во езерската област, како орел-рибар, дабар и видра.
Западните делови на националниот парк Долна долина на Одра се наоѓаат во округот.
Историја
уредиУкермарк бил првично поделен помеѓу административните единици Укеркрајс и Штолпиришер Крајс. Во 1817 како дел од покраината Бранденбург бил создаден трет округ во областа, округот Ангерминде, а другите два окрузи биле преименуван во Пренцлау и Темплин. Сегашниот округ Укермарк бил создаден во 1993 со спојување на претходните окрузи Ангерминде, Пренцлау и Темплин, како и некогашниот слободен град Швет.
Грб
уредиГлавна одлика на грбот се градбите од тули во округот— црквите на Пренцлау и Ангерминде. Градскиот ѕид подолу потсетува на многуте војни во средниот век. Двата кружни прозорци во кулата на црква ја претставуваат поделбата на два окрузи пред реформата во 1817, трите готски прозорци ја претставува следната поделба. На градскиот бедем се два штита — еден со грифин на Померанија, другиот со орелот на Бранденбург. Брановитата линија во горниот дел ги претставува главните реки во округот, Одра, Рандов и Укер. Жолтата боја на позадината го претставува земјоделството во округот, бидејќи Укермарк бил житница на Бранденбург. Грбот бил создаден од Ханс Бентин и бил официјално донесен на 8 ноември 1995. |
Градови и општини
уредиСлободни градови | Општински заедници | |
---|---|---|
|
1. Брисов (амт) 2. Гарц (Одра) 3. Герсвалде |
4. Грамцов 5. Одра-Велзе |
1седиште на општинската заедница;2град |
Наводи
уреди- ↑ „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
Надворешни врски
уреди„Укермарк“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)
- Туристичка страница Архивирано на 13 декември 2003 г. (германски)