Укермарк
Укермарк (германски: Uckermark), историска област во североисточна Германија, се протега низ окрузите Укермарк во Бранденбург и Западна Померанија-Грајфсвалд во Мекленбург-Западна Померанија. Негов традиционален главен град е Пренцлау.
Географија
уредиОбласта е именувана по реката Укер, која е притока на Одра; името Укермарк означува „марка на Укер“. Изворот на реката е близу Ангерминде, од каде продолжува да тече кон север во Мекленбург-Западна Померанија. Реката Одра, создавајќи ја германско-полската граница, ја поставува источната граница на областа. Западните делови на националниот парк Долна долина на Одра се наоѓаат во Укермарк.
Историја
уредиРана историја
уредиВо леденото доба, ледниците го образувале пејзажот на областа. Промената на климата оставила ридеста област со неколку езера создадени од истопениот мраз и луѓето започнале да ја населуваат областа. Најпрвин, мегалитските култури, а потоа и Германите.
Украни
уредиОд 6 до 12 век, Полапските Словени се доселиле од Источна Европа во областа. Словените ја населиле terra U(c)kera (Укерланд, подоцна Укермарк) станале познати како Украни (Ukranen, Ukrer, Ukri, Vukraner).[1] Нивните населби биле сместени околу Оберукерското и Унтерукерското езеро кај изворот на реката Укер.
Во 954, маркгрофот Геро, потпомогнат од зетот на светиот римски цар Отон Први, Конрад, започнал успешна борба за освојување на Украни, во што успеале по Битката кај Ленцен во 929. По бунтот во 983, областа повторно станала независна, иако продолжил постојаниот воен притисок, особено од Полска и Светото Римско Царство.
Померанија и доселувањето
уредиВо 1172 померанските војводи, вазали на Војводството Саксонија, подоцна дел од Светото Римско Царство, ја контролирале областа. Во текот на средновековното доселување, Украни биле христијанизира и германизирани од Саксонците, кои основале манастири, замоци и градови; словенското наследство може да се види преку имињата на многу градови во областа, чии имиња завршуваат со „-ов“ и „-ин“. Првите центри на територијата биле премонстратеншкиот манастир во Зехаузен (Грамцов) и градот Пренцлау, кој добил градски права од Барним Први во 1234. И манастирот и градот биле воспоставени на поранешните населби на Украни.
Борба на Померанија и Бранденбург
уредиМаркгрофовијата Бранденбург го освоило Војводството Померанија, проширувајќи се на север во 1230-тите кога била ослабена династијата Померанија. Со Договорот од Ландин во 1250, Барним Први го предал Укермарк на Јохан Првин и Отон Трети, асканиски маркгрофови на Бранденбург. По исчезнувањето на династијата, померанските војводи повторни ги вратиле некои погранични региони. Мекленбург навлегол во Укермарк, но ги изгубил своите поседи во војната во 1323 со Бранденбург. Во Померанско-бранденбуршката војна од 1329-33, Померанија успеала да го порази Бранденбург кај Кремер Дам. Во наредните години, контролата на Укермарк била оспорена од Бранденбург, Мекленбург и Померанија.
Бранденбург
уредиПрвиот Мир во Пренцлау на 3 мај 1448 предвидувал контрола на Бранденбург на поголемиот дел од територијата, освен на северните Пазевалк и Торгелов, кои останале во Померанија и повеќе не се сметале за дел од Укермарк. Иако уште една Бранденбуршко-померанска војна се борела во областа во 1460-тите, поседот на поголемиот дел на Укермарк на Бранденбург бил потврден уште еднаш со вториот Мир во Пренцлау, кој бил обновен на 26 јуни 1479.
Прусија и хугенотите
уредиУкермарк станал дел од Бранденбург-Прусија во 1618, но бил уништен во текот на Триесетгодишната војна. Фридрих Вилхелм повикал голем број француски хугеноти да го населат Укермарк и другите негови територии преку објавувањето на Потсдамскиот едикт. Овие хугеноти помогнале во развојот на стопанството и културата на Укермарк. Во 1701, територијата станала дел од Кралството Прусија.
Во 1815, по Наполеоновите војни, Укермарк станал дел од пруската покраина Бранденбург. Претходно поделен на административните единици Укеркрајс и Штолпиришер Крајс, во 1817 бил основан и трет округ во областа, округот Ангерминде, а другите два округа биле преименувани во Пренцлау и Темплин.
По Втората светска војна
уредиУкермарк бил средиште на борбите во текот на Втората светска војна и многу од градовите биле тешко оштетени. Како дел од Источна Германија по војната, Укермарк бил поделен помеѓу Округ Нојбранденбург и Округ Франкфурт на Одра. Со повторното обединување на Германија во 1990, голем дел од Укермарк изгласал да стане дел од повторно создадената покраина Бранденбург, со исклучок на Штрасбург, кој станал дел од Мекленбург-Западна Померанија.
Наводи
уреди- ↑ Materna, p. 29
Надворешни врски
уреди- Доживејте го Укермарк Архивирано на 13 декември 2003 г. (германски)
- Карта на Укермарк Архивирано на 10 април 2008 г. (германски)
- Land-Uckermark.de (германски)