Икер
Икер или Укер[1](германски: Uecker или германски: Ucker) — река во североисточните германски покраини Бранденбург, каде е позната и како Укер, и Мекленбург-Западна Померанија. Нејзиниот извор се наоѓа во округот Укермарк, близу селото Алт-Темен. Тече северно низ Оберукерското, Моленското и Унтерукерското Езеро, каде се наоѓа стариот град Пренцлау. Близу малото село Ниден (на граница помеѓу Бранденбург и Мекленбург-Западна Померанија), Укер го менува името во Икер. Продолжува северно низ градовите Пазевалк и Торгелов и поминува низ општината Егесин. Тука се влева реката Рандов. Во Икерминде, Икер се влева во Шчеќинскиот Залив, кој е поврзан со Балтичкото Море низ трите премини Пене, Швина и Ѓивна.
Каналот Укер кај Зехаузен (Укермарк) | |
Место | Германија, Бранденбург и Мекленбург-Западна Померанија |
---|---|
Должина | 98 км |
Извор | кај Алт Темен 53°04′05″N 13°42′49″E / 53.068107° СГШ; 13.713652° ИГД |
Висина на изворот | 69 м над м.н. |
Утока | во Шчеќински Залив 53°45′00″N 14°04′01″E / 53.75° СГШ; 14.067° ИГД |
Слив | Икер |
Одлив | Шчеќински Залив |
Слив | 2.200 км² |
Истек | Просечен среден: 7,65 м³/с |
Десни притоки | Рандов, Зеграбен, Милграбен |
Леви притоки | Шифе Мене (Кентоп), Беке, Куграбен, (Штрасбургер) Милбах, Кинапелграбен, Хамерграбен |
Езера | Големо Кринертско, Дистерско, Миленско, Берендско, Големо Ланке, Оберукерско, Унтерукерско |
Паланки | Пренцлау, Пазевалк, Торгелов, Икерминде |
Името „Икер“ потекнува од полапскиот збор vikru/vikrus, кој означува „брз“.[2] Икер го дели своето име со историската област Укермарк, округот Укермарк и поранешниот округ Икер-Рандов.
Наводи
уредиОваа статија за место во Бранденбург е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оваа статија за место во Мекленбург-Западна Померанија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |