Орел-рибар

вид птица
Орел-рибар
Орел-рибар
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Соколовидни или Јастребовидни
Семејство: Орли-рибари
Sclater & Salvin, 1873
Род: Орел-рибар
Savigny, 1809
Вид: Орел-рибар
Научен назив
Pandion haliaetus
(Linnaeus, 1758)
Pandion haliaetus

Орел-рибар (науч. Pandion haliaetus) е птица од редот на соколовидните, сместена во своја семејство орли-рибари (Pandionidae) и свој род орел-рибар (Pandion). Ја има во Македонија.

Распостранетост и живеалиште уреди

Тие живеат низ целиот свет, а највеќе ги има во Канада и САД. Нивните гнезда најчесто ги поставуваат покрај езерата, мочуриштата и морските брегови.

Опис уреди

Долги се 60 см, а распонот на крилјата им е 180 см. Главата им е бела, а од очите до страните на вратот имаат црно. Градите и долниот дел им е бел, а крилјата им се кафеави.

Исхрана уреди

Орлите-рибари се хранат со риби, со тежина до 2 кг. Кога ќе здогледаат риба, тие се спуштаат блиску до нивото на водата, грабнувајќи ја со своите нозе. Канџите се така обликувани, што не им дозволуваат на рибите да побегнат.

Размножување уреди

Гнездата им се направени од дрвени стапчиња, а најчесто им се наоѓаат на дрвата, карпите, бандери, мостови и слично, блиску до вода. Женките несат 2-4 јајца кои ги квачат 35-40 дена.

Наводи уреди

  1. BirdLife International (2008). Pandion haliaetus. 2008 IUCN Red List of Threatened Species. Посетено на 24 февруари 2009.

Надворешни врски уреди