Рандов
Рандов (германски: Randow; полски: Rędowa[1]) — река во областа Укермарк, во сојузната покраина Бранденбург, и областа Западна Померанија, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, која се јавува и како граница помеѓу овие области. Древното име и е Лохница, според кое е наречен градот Лекниц. Од 1700 се користи исклучиво Рандов.
Рандов | |
Место | Германија, Мекленбург-Западна Померанија, Бранденбург |
---|---|
Утока | на север: во Егезин во Икер на југ: северно од Пасов во Велзе 53°41′25″N 14°03′56″E / 53.690392° СГШ; 14.06544° ИГД |
Десни притоки | Клајне Рандов, Плевеншер Абцугсканал, Прамграбен, Винкелманс Грабен, Шилербах |
Леви притоки | Гренцграбен, Зеграбен |
Паланки | Егезин |
Нејзиниот извор се наоѓа близу Пенкун, од каде реката тече кон север и кон југ. Јужниот дел се влева во реката Велзе, додека северниот дел се влева во Икер, само неколку километри пред да се влие во Шчеќинскиот Залив. Мочуришната долина на Рандов е позната како Рандовбрух (Randowbruch). Реката го дала своето име на поранешниот округ Икер-Рандов во Мекленбург-Западна Померанија, како и на историскиот округ Рандов во покраината Померанија.
Наводи
уреди- ↑ Lech Leciejewicz: Słowianie zachodni : z dziejów tworzenia się średniowiecznej Europy. Wrocław: Zakład Narodowy im. Ossolińskich, 1989, p. 58. ISBN 83-04-02690-2
53°41′N 14°04′E / 53.683° СГШ; 14.067° ИГД
Оваа статија за место во Бранденбург е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оваа статија за место во Мекленбург-Западна Померанија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |