Црква „Св. Никола“ - Топлица
Св. Никола — црква во прилепското село Топлица, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Свети Никола
| |
Фреска од црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Плетварско-беловодичка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°24′4.7″N 21°44′29.1″E / 41.401306° СГШ; 21.741417° ИГД |
Место | Топлица |
Општина | Прилеп |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Завршено | 1860 |
Живопис | 1860 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабен |
Стил | преродбенички |
Црквата е подигната и живописана во 1860 година. Има убав иконостас од времето на преродбата. Живописци се Ангелко и Велјан Андонови од Папрадиште. Претставува трикорабна градба со полукружна апсида на источната страна. Црквата е обновена во 1892 година, кога на западната страна е дограден трем.[1]
Антички сполии
уредиВо црквата има наоди од римско време. Во олтарот на црквата како чесна трпеза служи мермерна ара (олтар) која на челната страна има три бисти и коњаник претставени во плиток релјеф. Во припратата како основа на столб е поставена надгробна стела од бел мермер со едикула во која има 4 фигури обработени исто така во плиток релјеф. Покрај нив има фрагмент од уште една стела на која во едикулата оддесно налево се гледаат две фигури без глави, во стоечка положба, и трета зачувана во долниот дел. Под фигурите има поле со старогрчки натпис во 5 реда.[2]
-
Христос Седржител
-
Икона на Свети Харалампиј од иконостасот
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Црква „Свети Никола", село Топлица“. Old Prilep. Посетено на 1 јануари 2022.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 314. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Никола“ - Топлица на Ризницата ?