Теремин
Тереминот (или Тереминвокс, Тереминовокс, Терменвокс, Аетерофон) е еден од најраните електронски инструменти. Името го добил според неговиот изумител советскиот физичар Лав Сергеевич Теремин или Леон Теремин како го нарекувале на Запад во 1919 година. Специфичноста на тереминот можеби е во тоа, што е единствен музички инструмент кој свира без допирање.
Тереминот се состои од два радио осцилатори и две антени. Поврзан со звучник, тој испраќа електрични сигнали кои произведуваат многу надреални, „вонземјански“ звуци и затоа често се користи за саундтрекови на хорор и научно-фантастични филмови.
Тереминот се свири така што музичарот ги движи рацете околу двете антени и на тој начин ја регулира јачината и висината на тонот.[1] Потребна е посебна вештина и многу вежбање, така што има малку навистина добри тереминисти. Можеби најпознатата употреба на теремин во поп музиката може да се слушне во песната „Good Vibrations“ од The Beach Boys .
Звукот се произведува со движење на рацете околу антените,
во кои има електричен полнеж, а самото тело на музичарот делува како заземјување. На овој начин, оддалеченоста на рацете од антените создава тонови и го диктира нивниот волумен и темпо.
Теремин зазема посебна улога во историјата на музиката поради Роберт Муг, градителот на инструменти. Во неговите млади денови, тој го искористил своето искуство од теремин за да го развие првиот синтисајзер .
Музичари кои свират на Теремин
уреди
|
|
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Glinsky, Albert (2000). Theremin: Ether Music and Espionage (англиски). University of Illinois Press. ISBN 978-0-252-02582-2.