Суперспроводливост

(Пренасочено од Суперспроводници)

Суперспроводливост е феномен од точно нула електричен отпор и исчезнување на магнетното поле кое се јавува во некои материјали кога ќе се оладат под одредена критична температура. Овој ефект бил откриен од холандскиот физичар Хајке Камерлинг Онес на 8 април 1911 во Лајден. Како феромагнетизмот и атомските спектрални линии, суперспроводливоста е квантно механички феномен. Се одликува со Мајснеров ефект, комплетно исклучување на линиите на магнетното поле од внатрешноста на суперспроводникот како што преминува во состојбата на суперспроводливост. Појавата на Мајснеров ефект значи дека суперспроводливоста не може да се разбере само како појава на идеална спроводливост во класичната физика.

Магнет левитира над високотемпературен суперспроводник, оладен со течен азот. Постојана електрична струја тече по површината на суперспроводникот, која делува да го исклучи магнетното поле на магнетот. (Фарадеев закон за индукција). Оваа струја формира електромагнет кој го одбива магнетот.
Видео од Мајснеров ефект кај високотемпературен суперспроводнук со NdFeB магнет.
Високотемпературен суперспроводник кој левитира над магнет

Електричниот отпор на метален спроводник се намалува постепено со намалување на температурата. Кај вообичаените спроводници, како бакарот или среброто, ова намалување е ограничено од примеси и други дефекти. Дури близу до апсолутната нула, реален пример за нормален спроводник покажува отпор. Кај суперспроводниците, отпорот наеднаш се намалува до нула кога материјалот е оладен под неговата критична температура. Електрична струја која тече низ јамка од суперспроводлива жица може да тече бесконечно без извор на енергија.[1][2][3][4]

Во 1986, било откриено дека некои Бакарно-Перовскитски ќерамички материјали имаат критична температура над 90K.[5] Толку висока транзициска температура е статистички невозможна за вообичаените суперспроводници, поради што овие материјали биле именувани високотемпературни суперспроводници. Течен азот врие на 77 K, и суперспроводливост на повисоки температури од ова овозможува многу експерименти и примени кои не се практични на пониски температури.

Класификација

уреди

Има многу критериуми според кои се класифицираат суперспроводниците. Најчести се:

Елементарни својства на суперспроводниците

уреди

Повеќето физички својства на суперспроводниците варираат од материјал до материјал, како капацитетот на топлина и критичната температура, критичното поле, и критичната густина на струјата на која се уништува суперспроводникот.

Од друга страна, има класа на својства кои се независни од материјалот. На пример, сите суперспроводници имаат точно нула отпор кон ниски струи кога нема присутно магнетно поле, или ако присутното поле не е посилно од одредена критична вредност. Постоењето на овие универзални својства кажува дека суперспроводливоста е термодинамичка фаза и дека поседува одредени својства кои се независни од микроскопските детали.

Нула отпор кон еднонасочна електрична струја

уреди
 
Електрични кабли за акцелераторите на ЦЕРН. И масивните и тенките кабли имаат по 12,500 А. Горе: Обични кабли за големиот електрон-позитрон судирач. Долу: Суперспроводливи кабли за големиот хадронски судирач

Наједноставниот метод за мерење на електричниот отпор на материјал е да се постави во електрично коло сериски со извор на струја I и да се измери добиениот напон V во примерокот. Отпорот на примерокот се добива од Омовиот закон бидејќи R = V / I. Ако напонот е нула, тогаш и отпорот е нула.

Суперспроводниците се способни да одржуваат струја без никаков напон, својство искористено кај суперспроводливите електромагнети како они во машини за магнетна резонанца. Експерименти покажуваат дека струите во суперспроводниците можат да течат со години без деградација. Експериментални докази покажуваат живот на струјата од најмалку 100,000 години. Теоретски се проценува дека животот на постојана струја може да е и подолг од животот на универзумот, во зависност од геометријата на жиците и температурата.[3]

Кај нормален спроводник, електрична струја може да се визуелизира како флуид од електрони кои се движат низ јонска решетка. Електроните постојано се судираат со јоните од решетката и во секој судир се губи дел од енергијата која ја има струјата и се претвора во топлина, односно вибрациска кинетичка енергија на јоните на решетката. Како резултат на тоа, енергијата пренесена од струјата постојано се губи. Ова е феноменот на електричен отпор и Џулово греење.

Ситуацијата е различна во суперспроводник. Кај вообичаен суперспроводник, електронскиот флуид не може да се раздели во поединечни електрони, туку се состои од врзани парови на електрони нарачени Куперови парови. Ова спарување е предизвикано од привлечната сила меѓу електроните од размената на фонони. Поради квантната механика, енергетскиот спектар на овој Куперов пар има енергетска дупка, што значи дека има минимална количина на енергија ΔE која треба да се принесе за да се возбуди флуидот. Затоа ако ΔE е поголемо од топлинската енергија на решетката (добиена од kT, каде k е Болцмановата константа и T е температурата), флуидот нема да биде растурен од решетката. Поради тоа Куперовиот пар е суперфлуид, што значи дека може да тече без загуба на енергија.

Во класата на суперпроводници познати како суперспроводници од II тип, вклучувајќи ги сите познати високотемпературни суперпроводници, кога се применува електрична струја на температура не многу помала од критичната, се појавува мало количество на отпор. Ова е поради магнетните витли во електронскиот суперфлуид, поради што се губи дел од енергијата на струјата. Ако струјата е доволно мала, витлите се стационарни и се губи отпорот. Отпорот од овој ефект е мал во споредба со тој на не-суперспроводливите материјали, но мора да се земе предвид кај чувствителните експерименти. Но ако температурата се намали многу под критичната точка, овие витли се замрзнуваат во место и се добива “вително стакло”. Кај температури пониски од оваа, отпорот на материјалот станува точно нула.

Фазна транзиција на суперспроводниците

уреди
 
Однесување на топлински капацитет (cv, сино) и отпор (ρ, зелено) при фазната транзиција на

Кај суперспроводливите материјали, својствата на суперспроводливост се појавуваат кога температурата T ќе се намали под одредена критична температура Tc. Вредноста на оваа температура се менува од материјал до материјал. Вообичаените суперспроводници обично имаат критична температура од 20 K до помалку од 1 K. Цврста жива има критична температура од 4.2 K. Највисоката критична температура за вообичаен суперспроводник е 39 K кај магнезиум диборидот. (MgB2),[6][7] Иако овој материјал покажува доволно егзотични својства поради кои можеби не треба да се класифицира како вообичаен суперспроводник.[8] Бакарни суперспроводници имаат многу повисоки критични температури: YBa2Cu3O7, еден од првите откриени бакарни суперспроводници, има критична температура од 92 K, и жива-бакарни суперспроводници имаат критични температури над 130 K. Објаснувањето за овие високи критични температури не постои. Спарувањето на електрони поради фононски размени ја објаснува суперспроводливоста кај вообичаените суперспроводници, но не и кај новите суперспроводници кои имаат многу висока критична температура.

Слично, на одредена температура под критичната, суперспроводливи материјали престануваат да се суперспроводливи кога надворешно магнетно поле поголемо од критичното магнетно поле делува на суперспроводникот. Ова е поради квадратното зголемување на Гибсовата слободна енергија за време на фазата на суперспроводливост, додека енергијата на нормалната фаза е независна од магнетното поле. Ако материјалот е суперспроведник кога нема магнетно поле, тогаш слободната енергија на фазата на суперспроводливост е помала од таа на нормалната фаза, и така за некоја вредност за магнетното поле, двете слободни енергии ќе бидат еднакви и ќе се случи фазна транзиција во нормалната фаза. Општо, повисока температура и посилно магнетно поле водат до помала делба на електроните во суперспроводникот.

Суперспроводливоста е придружена со нагли промени во различни физички својства, кои се белези на фазна транзиција. Топлинскиот капацитет е пропорционален со температурата за време на не-суперспроводливата состојба. Во суперспроводливата состојба, има недоследен скок и не е линеарна. При пониски температури, варира како e−α/T за некоја константа, α. Ова експоненцијало однесување е еден од доказите за постоењето на енергетската дупка.

Редот на транзицијата на фазата на суперспроводливоста долго време бил причина за дебата. Експерименти покажуваат дека транзицијата е од втор ред, што значи дека нема латентна топлина. Но во присуство на надворешно магнетно поле има латентна топлина, затоа што фазата на суперспроводливост има пониска ентропија под критичната температура. Експериментално е докажано дека[9] како последица на зголемувањето на магнетното поле над критичната точка, добиената фазна транзиција води до намалување на температурата на материјалот.

Пресметки во раните 1970-ти години покажале дека може да е од прв ред поради ефектот на далекуметни варирања во електромагнетното поле. Во 1980-тите тоа било покажано теоретски со помош на теоријата за неред кај полињата, во која вителните линии на суперспроводниците имаат голема улога, дека транзицијата е од втор ред кај суперспроводниците од втор тип и од прв ред кај суперспроводниците од прв тип, и дека двата региони се разделени со трикритична точка.[10] Резултатите биле поддржани од Монте Карловите компјутерски симулации.[11]

Мајснеров ефект

уреди

Кога суперспроводник е поставен во надворешно магнетно поле H, и е оладен под температурата на транзиција, магнетното поле исчезнува. Мајснеровиот ефект не предизвикува да целосно да исчезне полето, туку тоа само продира низ суперспроводникот на многу мало растојание, одредено од parameter λ, наречена Лондонова длабочина на продирање, која опаѓа експоненцијално до нула во повеќето од материјалот. Мајснеровиот ефект е важна одлика на суперспроводливоста. За повеќе суперспроводници, Лондоновата длабочина на продирање е ред на 100 nm.

Понекогаш Мајснеровиот ефект се смета за дијамагнетизам кој може да се очекува од идеален електричен спроводник: Според Ленцовото правило, кога променливо магнетно поле ќе влијае врз спроводник, ќе предизвика електрична струја во спроводникот која создава спротивно магнетно поле. Кај идеален спроводник може да се предизвика произволно голема струја, и добиеното магнетно поле го поништува применетото.

Мајснеровиот ефект е различен од ова – тој е спонтано исчезнување кое настанува за време на транзицијата во суперспроводливост. Ако имаме материјал во нормална состојба кој содржи постојано внатрешно магнетно поле, кога тој материјал ќе се олади под критичната температура, неговото магнетно поле наеднаш ќе исчезне, а тоа не се очекува од Ленцовиот закон. Мајснеровиот ефект е објаснет од браќата Фриц и Хајнц Лондон, кои покажале дека електромагнетната слободна енергија во суперспроводник се сведува на минимум доколку

 

каде H е магнетното поле и λ е Лондоновата длабочина на продирање.

Оваа равенка, позната како Лондонова равенка, предвидува дека магнетно поле во суперспроводник опаѓа експоненцијално од вредноста која ја има на површината.

За суперспроводник речиси без магнетно поле се вели дека е во Мајснерова состојба. Суперспроводникот излегува од оваа состојба кога ќе се примени многу силно магнетно поле. Суперспроводниците може да се поделат во две класи во однос на тоа: Кај суперспроводници од прв тип, суперспроводливоста нагло прекинува кога силата на применето магнетно поле е над критична вредност Hc. Во зависност од геометријата на примерокот, може да се добие меѓусостојба[12] која се состои од барокна шара[13] од региони од нормален материјал со магнетно поле помешани со региони на суперспроводлив материјал кои немаат магнетно поле. Кај суперспроводници од втор тип, покачување на применетото магнетно поле над критична вредност Hc1 доведува до помешана состојба (вителна состојба) во која зголемена количина на магнетен флукс продира низ материјалот, но нема отпор на течењето на струјата доколку таа не е преголема. На втора критична точка Hc2, се губи суперспроводливоста. Помешаната состојба е предизвикана од витлите во електронскиот суперфлуид, наречени флуксони, бидејќи флуксот предизвикан од овие витли е квантизиран. Повеќето суперспроводници од чисти елементи, освен ниобиум и јаглеродни наноцевки, се од прв тип, додека сите суперспроводници со примеси се од втор тип.

Лондонов момент

уреди

Ротирачки суперспроводник создава магнетно поле, прецизно подреден со оската на вртење. Овој ефект, Лондоновиот момент, бил добро искористен во Гравитациската Сонда Б. Овој експеримент ги мерел магнетните полиња на четири суперспроводливи жироскопи за да ги одреди нивните оски на ротација. Ова било критично за експериментот, бидејќи е еден од малкуте начини за прецизно да се одреди вртежната оска на сфера.

Историја на суперспроводливоста

уреди
 
Хајке Камерлинг Онес (десно), кој ја открил суперспроводливоста. Пол Еренфест, Хендрик Лоренц, Нилс Бор стојат лево од него

Суперспроводливоста била откриена на 8 април 1911 од Хајке Камерлинг Онес, кој го проучувал отпорот на цврста жива на криогенски температури користејќи течен хелиум како средство за ладење. На температура од 4.2 K, увидел дека нема отпор.[14] Во истиот екперимент, ја приметил транзицијата на хелиум во суперфлуид на температура од 2.2 K, без да го примети значењето. Точната дата на откритието била дознаена по еден век, кога била пронајдена тетратката на Онес.[15] Во следните децении, била откриена суперспроводливост во други материјали. Во 1913, било откриено дека оловото е суперспроводник на температура од 7 K, и во 1941 било откриено дека ниобиум нитридот суперспроведува на 16 K.

Големи напори биле вложени за да се открие како и зошто функционира суперспроводливоста. Важен чекор бил направен во 1933, кога Мајснер и Оксенфелд откриле дека суперспроводниците поништуваат применети магнетни полиња и оваа појава ја нарекле Мајснеров ефект.[16] Во 1935, Фритз и Хајнц Лондон покажале дека Мајснеровиот ефект е последица од сведување на минимум на електромагнетната слободна енергија на суперспроведената струја.[17]

Лондонова теорема

уреди

Првата феноменологиска теорема за суперспроводливост била Лондоновата теорема. Била предложена од браќата Лондон во 1935, кратко време по откритието дека магнетните полиња се губат во суперспроводниците. Голем достиг на нивната теорема е можноста да се објасни Мајснеровиот ефект,[18] каде материјал експоненцијално ги губи сите внатрешни магнетни полиња како што ја преминува границата на суперспроводливост. Со користење на Лондоновите равенки, може да се добие зависноста на магнетното поле во суперспроводникот со растојанието до површината.[19]

Има две Лондонови равенки:

 

Првата го следи Вториот Њутнов закон за суперспроводливи електрони.

Конвенционални теории (1950-тите)

уреди

За време на 1950-тите, теоретски физичари за кондензирана материја дошле до добро разбирање на “конвенционалната” суперспроводливост, низ пар од важни теории: Гинцбург-Ландауовата теоремата и микроскопската БКШ теорема (1957).[20][21]

Во 1950, Гинзбург-Ландауовата теоремата за суперспроводливост била осмислена од Ландау и Гинзбург.[22] Оваа теорема, комбинирана со Ландауовата теорема за фазни транзиции од втор ред со бранова равенка како Шредингеровата равенка, успешно ги објаснила макроскопските својства на суперспроводнците. Особено, Абрикосов покажал дека Гинзбург-Ландауовата теорема ја предвидува поделбата на суперспроводниците во двете категории, денес познати како прв и втор тип. Абрикосов и Гинцбург биле наградени со Нобелова награда во 2003 за нивната работа (Ландау добил Нобелова награда во 1962 за други дела, и починал во 1968). Четири-димензионалното продолжение на Гинцбург-Ландауовата теорема, Колман-Вајнберговиот модел е важен во квантната теорија на поле и космологијата.

Исто така во 1950, Максвел и Ренолдс откриле дека критичната температура на суперспроводник зависи од изотопската маса на составните елементи.[23][24] Ова важно откритие покажало дека интеракцијата на електроните и фононите е микроскопскиот механизам одговорен за суперспроводливоста.

Комплетната микроскопска теорија за суперспроводливост била предложена во 1957 од Бардин, Купер и Шрифер.[21] Оваа БКШ теорема ја објаснила суперспроведената струја како суперфлуид од Куперови парови, парови од електрони кои си дејствуваат со размена на фонони. За ова дело, авторите биле наградени со Нобелова награда во 1972.

БКШ теоремата била зацврстена во 1958, кога Н.Н. Богољубов покажал дека БКШ брановата функција, која била изведена од варијациски аргумент, може да се добие со канонична трансформација на електронскиот Хамилтонов оператор.[25] Во 1959, Лав Горков покажал дека БКШ теоремата се сведува на Гинцбург-Ландауовата теорема близу до критичната температура.[26][27]

Генерализации на БКШ теоремата за вообичаени суперспроводници ја формираат основата на целото разбирање на феноменот суперфлуидност, бидејќи спаѓаат во класата на универзални ламбда транзиции. Сè уште не може да се одреди до кој степен можат овие генерализации да се применат на невообичаените суперспроводници.

Понатамошна историја

уреди

Прва практична примена на суперспроводливоста била развиена во 1954 со изумот на Дадли Ален Баккриотронот.[28] Два суперспроводника со многу различни вредности за критично магнетно поле се комбинираат за да се добие брз, едноставен прекинувач за компјутерски елементи.

Набргу по откривањето на суперспроводливост во 1911, Камерлинг Онес се обидел да направи електромагнет со суперспроводливи навои но открил дека релативно слаби магнетни полиња ја уништувале суперспроводливоста на материјалите кои ги истражувал. Многу подоцна, во 1955, Г.Б. Интема [29] успеал да создаде мал електромагнет со железно јадро од 0,7 тесла со суперспроводливи навои од ниобиумова жица. Потоа во 1961, Ј.Е. Кунзлер, Е. Бјулер, Ф.С.К. Хсу, и Ј.Х. Верник [30] откриле дека на 4.2 келвини, смеса која се состои од ниобиум и калај во однос 3:1 , е способна да издржи струја од над 100,000 ампери по сантиметар квадратен во магнетно поле од 8.8 тесла. И покрај тоа што е кршлив и тежок за производство, ниобиум-калајот е многу корисен кај супермагнетите за создавање на магнетни полиња од 20 и повеќе тесла. Во 1962 Т.Г. Берлинкорт и Р.Р. Хак [31][32] откриле дека мешавини на ниобиум и титан се соодветни за примена до 10 тесла. Бргу потоа, комерцијалното производство на ниобиум-титан жици за супермагнети започнало во Вестингхаус Електричната Корпорација и во Ва Чанг Корпорацијата. Иако ниобиум-титан има послаби суперспроводливи својства од ниобиум-калај, тој станал најкористен материјал за супермагнети, поради тоа што е цврст и лесен за производство. Но и ниобиум-калајот и ниобиум-титанот имаат широка примена во машини за магнетна резонанција во медицината, за магнети за високоенергетски забрзувачи на честички, и други примени. Конектус, европска компанија за суперспроводливост, проценила дека во 2014, глобалната економска активност која не може да функционира без суперспроводливост изнесува околу 5 милијарди евра, а системи за магнетна резонанција опфаќаат околу 80% од таа сума.

Во 1962, Џозефсон направил теоретско предвидување дека суперструја може да тече помеѓу два суперспроводника поделени со тенок изолатор.[33] Овој феномен, сега наречен Џозефсонов ефект, е искористен во суперспроводливи направи како СКУИДови. Се користи за најточните мерења на квантниот магнетен флукс Φ0 = h/(2e), каде h е Планковата константа. Надополнет со отпорноста на квантиот Холов отпор, ова води до прецизно мерење на Плаковата константа. Џозефсон за ова добил Нобелова награда во 1973.

Во 2008, било предложено дека истиот механизам со кој се добива суперспроводник, би можел да се искористи за да се добие суперизолатор кај некои материјали, со речиси бесконечно електричен отпор.[34]

Високотемпературна суперспроводливост

уреди
 
Развој на суперспроводливите материјали

До 1986, физичарите верувале дека БКШ теоремата забранува суперспроводливост над околу 30 K. Во таа година, Беднорц и Милер откриле суперспроводливост во бакарно-петровскитски материјал на основа на лантан, кој имал температура на транзиција од 35 K (Нобелова награда за физика, 1987).[5] Бргу било откриено дека со замена на лантанот со итриум, (со што се добива ИББО) се покачува критичната температура на 92 K.[35]

Овој скок на температурата е особено значаен, бидејќи дозволува користење на течен азот како средство за ладење, заменувајќи го течниот хелиум.[35] Ова може да е комерцијално важно, бидејќи течен азот може да се произведува евтино, дури и на место. Исто така, повисоката температура овозможува одбегнување на некои од проблемите кои се јавуваат кај температурите на течен хелиум, како создавањето на грутки замрзнат воздух, кои можат да ги блокираат криогенските линии и да предизвикаат непредвидливо и опасно натрупување на притисок.[36][37]

Откриени се многу други бакарни суперспроводници, и теоријата за суперспроводливост во овие материјали е една од големите предизвици на теоретската физика на кондензирана материја.[38] Има две главни хипотези - теоремата за резонирачки валентни врски, и флуктуацијата на спинови која има најголема поддршка меѓу истражувачите.[39] Втората хипотеза предложува дека електронското спарување кај високотемпературните суперспроводници е условено од бранови со краток досег наречени парамањони.[40][41]

Од 1993, највисокотемпературниот суперспроводник е ќерамички материјал составен од жива, бариум, калциум, бакар и кислород (HgBa2Ca2Cu3O8+δ) со Tc = 133–138 K.[42][43] Подоцнежниот експеримент (138 K) уште очекува потврда.

Во февруари 2008, била откриена група од суперспроводници на основа на железо.[44][45] Хидео Хосоно од Институтот за технологија на Токио, и колегите откриле лантан оксид флуорид железо арсенид (LaO1-xFxFeAs), оксипниктид кој суперспроведува на температура под 26 K. Со замена на лантанот во LaO1−xFxFeAs со самариум довело до суперспроводници кои работат на 55 K.[46]

Во мај 2014, се предвидело дека сулфурводород (H2S) може да биде високотемпературен суперспроводник на притисок од 80 до 160 гигапаскали.[47] Во 2015, за H2S било откриено дека покажува суперспроведливи својства под 203 K но при многу висок притисок - околу 150 гигапаскали.[48]

Примени

уреди
Видео од левитација со суперспроводливост кај ИББО
Високотемпературна суперспроводливост кај Институтот за хемија, ПМФ, Скопје.

Суперспроводливи магнети се најмоќните познати електромагнети. Се користат за магнетна резонанција, масени спектрометри, и кај забрзувачи на честички. Можат да се користат и за магнетна разделба, каде слаби магнетни честички се изделуваат од позадина од помалку магнетни или немагнетни честички како во индустриите за пигменти.

Во 1950-тите и 1960-тите, суперспроводниците се користеле да се градат експериментални дигитални компјутери со криотронски прекинувачи. Во скоро време, суперспроводници се користат за да се изработуваат дигитални кола врз основа на брза еднофлуксна квантна технологија и Радио- и микробранови филтри за базни станици за мобилни телефони.

Суперспроводници се користат за да се изградат Џозефсонови постројки - основите за СКУИДови (суперспроведливи квантни уреди за интерференца), најосетливите магнетометри. СКУИДови се користат во скенирачки микроскопи и магнетоенцефалографијата. Серија од Џозефсонови уреди се користат за да се реализира волтот од SI системот. Во зависност од начинот на делување, Џозефсоновата постројка може да се користи како детектор на фотони или како миксер. Големата промена на отпорот за време на транзицијата од нормална состојба во состојба на суперспроводливост се користи за изградба на топломери во криогенски микро-калориметарски детектори на фотони. Истиот ефект се користи во ултраосетливите болометри направени од суперспроведливи материјали.

Се појавуваат нови пазари каде релативната ефикасност, големина и тежина на уреди со високотемпературна суперспроводливост ја надвладува дополнителната цена. На пример, кај ветерните турбини помалата тежина и волумен на суперспроводливите генератори може да заштеди пари во конструкција и цена на кулата, и покрај повисоката цена за генераторот.[49]

Надежни идни примени вклучуваат паметни мрежи, трансмисија на електрична енергија, трансформери, уреди за чување на енергија, електрични мотори, магнетни левитациски уреди и [50] ладење со суперспроводливи магнети. Но суперспроводливоста е осетлива на движечки магнетни полиња, па примени кои користат наизменична струја ќе бидат потешки за развивање. Во споредба со обични кабли за струја, суперспроводливи жици се поефикасни и помали, што би довело до поприфатливо проширување на електричната мрежа.[51]

Нобелови награди за суперспроводливост

уреди

Поврзано

уреди

Извори

уреди
  1. Џон Бардин; Леон Купер; Џ.Р. Шрифер (1 декември 1957). „Теорија за Суперспроводливост“. Физичка Критика. 8 (5): 1178. Bibcode:1957PhRv..108.1175B. doi:10.1103/physrev.108.1175. ISBN 9780677000800. Посетено на 6 јуни 2016. преиздадена од Николај Николаевич Богољубов (1963) Теоријата за Суперспроводливост, Том 4, Печатот ЦРЦ, ISBN 0677000804, p. 73
  2. Џон Даинтит (2009). Познати Факти Речник за Физиката (4то. изд.). Инфобаза Издавачи. стр. 238. ISBN 1438109490.
  3. 3,0 3,1 Џон Ц. Галоп (1990). СКУИДС, Џозефсонови Ефекти и Суперспроводлива Електроника. Печатот ЦРЦ. стр. 3, 20. ISBN 0-7503-0051-5.
  4. Дурант, Алан (2000). Квантна Физика на Материјата. Печатот ЦРЦ. стр. 102–103. ISBN 0750307218.
  5. 5,0 5,1 Џ. Г. Беднорз & К. А. Милер (1986). „Можни Високотемпературни Суперспроводници во Ba−La−Cu−O системот“. З. Физ. Б. 64 (1): 189–193. Bibcode:1986ZPhyB..64..189B. doi:10.1007/BF01303701.
  6. Џун Нагаматсу; Норимаса Накагава; Такахиро Муранака; Јуџи Зенитани; и др. (2001). „Суперспроводливост на 39 K кај магнезиум диборид“. Природа(журнал). 410 (6824): 63–4. Bibcode:2001Natur.410...63N. doi:10.1038/35065039. PMID 11242039.
  7. Паул Преус (14 август 2002). „Невообичаен суперспроводник и како работи: Првични пресметки кои го објаснуваат однесувањето на магнезиум диборидот“. Истражувачки вести. Лоренс Беркли национална лабораторија. Архивирано од изворникот на 2012-07-03. Посетено на 28 октомври 2009.
  8. Хамиш Џонстон (17 февруари 2009). „Суперспроводник од тип 1.5“. Физички свет. Институт за физика. Архивирано од изворникот на 2011-11-09. Посетено на 2009-10-28.
  9. Р. Л. Долецек (1954). „Адијабатична магнетизација на суперспроводлива сфера“. Физичка критика. 96 (1): 25–28. Bibcode:1954PhRv...96...25D. doi:10.1103/PhysRev.96.25.
  10. Х. Клајнерт (1982). „Нередна верзија на Абелиански Хигсов модел и Редот на Фазната Транзиција на Суперспроводниците“ (PDF). Lettere al Nuovo Cimento. 35 (13): 405–412. doi:10.1007/BF02754760.
  11. Џ. Хов; С. Мо; А. Судбо (2002). „Заемодејства на витлите и топлински предизвикан премин од прв во втор тип на суперспроводник“ (PDF). Физичка критика Б. 66 (6): 64524. arXiv:cond-mat/0202215. Bibcode:2002PhRvB..66f4524H. doi:10.1103/PhysRevB.66.064524.
  12. Лев Д. Ландау; Евгениј М. Лифшиц (1984). Електродинамиката на Постојани Спроводници. Курс по Теоретска Физика. 8. Оксфорд: Батерворт-Хајнман. ISBN 0-7506-2634-8.
  13. Дејвид Ј. Е. Калавеј (1990). „За структурата на меѓусостојбата на суперспроводливост“. Јадрена Физика Б. 344 (3): 627–645. Bibcode:1990NuPhB.344..627C. doi:10.1016/0550-3213(90)90672-Z.
  14. Х. К. Онес (1911). „Отпорот на чиста жива на хелиумови температури“. Комун. Физ. Лаб. На Унив. Лајден. 12: 120.
  15. Дирк ванДелфт и Петер Кес (септември 2010). „Откритието на Суперспроводливост“ (PDF). Физиката денес. Американски институт за физика. 63: 38–43. doi:10.1063/1.3490499.
  16. В. Мајснер & Р. Оксенфелд (1933). „Ein neuer Effekt bei Eintritt der Supraleitfähigkeit“. Naturwissenschaften. 21 (44): 787–788. Bibcode:1933NW.....21..787M. doi:10.1007/BF01504252.
  17. Ф. Лондон & Х. Лондон (1935). „Електромагнетните равенки на суперспроводникот“. Случувања на Ројалното Друштво на Лондон А. 149 (866): 71–88. Bibcode:1935RSPSA.149...71L. doi:10.1098/rspa.1935.0048. JSTOR 96265.
  18. Мајснер, В.; Р. Оксенфелд (1933). „Ein neuer Effekt bei Eintritt der Supraleitfähigkeit“. Naturwissenschaften. 21 (44): 787–788. Bibcode:1933NW.....21..787M. doi:10.1007/BF01504252.
  19. „Лондоновите равенки“. Отворениот Универзитет. Посетено на 2011-10-16.[мртва врска]
  20. Џ. Бардин; Л. Н. Купер & Џ. Р. Шрифер (1957). „Микроскопска теорема за Суперспроводливост“. Физичка Критика. 106 (1): 162–164. Bibcode:1957PhRv..106..162B. doi:10.1103/PhysRev.106.162.
  21. 21,0 21,1 Џ. Бардин; Л. Н. Купер & Џ. Р. Шрифер (1957). „Теорема за Суперспроводливост“. Физичка Критика. 108 (5): 1175–1205. Bibcode:1957PhRv..108.1175B. doi:10.1103/PhysRev.108.1175.
  22. В. Л. Гинцбург & Л. Д. Ландау (1950). „За теоремата за суперспроводливост“. Журнал на експериментална и теоретска физика. 20: 1064.
  23. Е. Максвел (1950). „Изотопен Ефект кај Суперспроводливоста на Живата“. Физичка Критика. 78 (4): 477. Bibcode:1950PhRv...78..477M. doi:10.1103/PhysRev.78.477.
  24. Ц. А. Ренолдс; Б. Серин; В. Х. Рајт & Л. Б. Несбит (1950). „Суперспроводливоста на Изотопи на Жива“. Физичка Критика. 78 (4): 487. Bibcode:1950PhRv...78..487R. doi:10.1103/PhysRev.78.487.
  25. Н. Н. Богољубов (1958). „Нов метод во теоријата за суперспроводливост“. Журнал на експериментална и теоретска физика. 34: 58.
  26. Л. П. Горков (1959). „Микроскопски извод на Гинцбург-Ландауовите равенки во теоријата за суперспроводливост“. Журнал на експериментална и теоретска физика. 36: 1364.
  27. М. Комбскот; В.В. Погосов и О. Бетбедер-Матибет (2013). „БКШ одговор за суперспроводливост“. Физика Ц: Суперспроводливост. 485: 47–57. arXiv:1111.4781. Bibcode:2013PhyC..485...47C. doi:10.1016/j.physc.2012 октомври 011 Проверете ја вредноста |doi= (help). Посетено на 11 August 2014.
  28. Бак, Дадли А. „Криотронот – суперспроводлив компјутер Component“ (PDF). Линколн Лабораторија, Масачусетс Институт за Технологија. Посетено на 10 Абгуст 2014. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  29. Г.Б. Интема (1955). „Суперспроводлив Навој за Електромагнет“. Физичка Критика. 98 (4): 1197. Bibcode:1955PhRv...98.1144.. doi:10.1103/PhysRev.98.1144.
  30. Ј.Е. Кунзлер, Е. Бјулер, Ф.Л.С. Хсу, и Ј.Х. Верник (1961). „Суперспроводливост на Nb3Sn со висока густина на струјата во магнетно поле од 88 килогауси“. Писма на Физичка Критика. 6 (3): 89–91. Bibcode:јуни ..89K 1961PhRvL.. јуни ..89K Проверете го |bibcode= length (help). doi:10.1103/PhysRevLett јуни 89 Проверете ја вредноста |doi= (help).CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  31. Т.Г. Берлинкорт и Р.Р. Хак (1962). „Студии на пулсирани-магнетни полиња за време на суперспроводлива транзиција на метали при висока и ниска густина на струјата“. Билтен на Американското Физичко Друштво. II-7: 408.
  32. T.Г. Берлинкорт (1987). „Појава на Nb-Ti како материјал за супермагнети“. Криогеника. 27 (6): 283–289. Bibcode:1987Cryo...27..283B. doi:10.1016/0011-2275(87)90057-9.
  33. Б. Д. Џозефсон (1962). „Можни нови ефекти кај суперспроводливото тунелирање“. Физички писма. 1 (7): 251–253. Bibcode:јануари .251J 1962PhL.... јануари .251J Проверете го |bibcode= length (help). doi:10.1016/0031-9163(62)91369-0.
  34. „Ново откриени основни состојби на материјата, суперизолаторот бил создаден“. Дневна наука. 9 април 2008. Посетено на 2008-10-23.
  35. 35,0 35,1 М. К. Ву; и др. (1987). „Суперспроводливост на 93 К во нов мешано-фазен систем од смеса на Y-Ba-Cu-O при атмосферски притисок“. Писма на Физичка Критика. 58 (9): 908–910. Bibcode:1987PhRvL..58..908W. doi:10.1103/PhysRevLett.58.908. PMID 10035069.
  36. „Вовед во течен хелиум“. "Криогеника и Гранка на Флуиди ". Годардов Центар за Вселенски Летови, НАСА.
  37. „Оддел 4.1 "Грутка воздух во цевката за полнење". "Суперспроводлив Магнетометар за Камен, Прирачник за Криогенски Систем ". 2G Корпорацијата. Архивирано од изворникот 2009-05-06. Посетено на 9 октомври 2012.
  38. Алексеј А. Абрикосов (8 декември 2003). „Суперспроводници од втор тип и вителната решетка“. Нобелово предавање.
  39. Адан Ман (20 Јули 2011). „Високотемпературна суперспроводливост на 25: Сè уште во неизвесност“. Природа. 475 (7356): 280–2. Bibcode:2011Natur.475..280M. doi:10.1038/475280a. PMID 21776057. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  40. Пајнс, Д. (2002), „Модел на флуктуација на спинот за високотемпературна суперспроводливост: Напредок и иднината“, Празнинска симетрија и флуктуации кај високотемпературни суперспроводници, НАТО Научна Серија Б, 371, Њујорк: Клувер Академик, стр. 111–142, doi:10.1007/0-306-47081-0_7, ISBN 0-306-45934-5
  41. П. Монтоу; А.В. Балатски & Д. Пајнс (1991). „До теорија за високотемпературна суперспроводливост кај антиферомагнетично поврзаните бакарни оксиди“. Писма на Физичка Критика. 67 (24): 3448–3451. Bibcode:1991PhRvL..67.3448M. doi:10.1103/PhysRevLett.67.3448. PMID 10044736.
  42. А. Шилинг; и др. (1993). „Суперспроводливост над 130 K кај Hg–Ba–Ca–Cu–O системот“. Природа(журнал). 363 (6424): 56–58. Bibcode:1993Natur.363..56C Проверете го |bibcode= length (help). doi:10.1038/363056a0.
  43. П. Даи; Б.Ц. Чакоумакос; Г.Ф. Сун; К.В. Вонг; и др. (1995). „Синтеза и студија на дифракцијата на неутронската прашина на суперспроводникот HgBa2Ca2Cu3O8+δ со Tl замена“. Физика Ц. 243 (3–4): 201–206. Bibcode:1995PhyC..243..201D. doi:10.1016/0921-4534(94)02461-8.
  44. Хироки Такаши; Казуми Игава; Казунобу Ари; Јоичи Кимихара; и др. (2008). „Суперспроводливост на 43 K во соединение на основа на железо LaO1−xFxFeAs“. Природа(журнал). 453 (7193): 376–378. Bibcode:2008Natur.453..376T. doi:10.1038/nature06972. PMID 18432191.
  45. Адријан Чо. „Откриена втора група на високотемпературни суперспроводници“. НаукаСЕГА дневни вести. Архивирано од изворникот на 2009-07-07. Посетено на 2016-03-28.
  46. Жи-Ан Рен; и др. (2008). „Суперспроводливост и фазен дијаграм на железо-заснованите арсенски оксиди ReFeAsO1-d (Re = редок земен метал) без додавање на флуор“. ЕПЛ. 83: 17002. arXiv:0804.2582. Bibcode:2008EL.....8317002R. doi:10.1209/0295-5075/83/17002.
  47. Ли, Јинвеи; Хао, Џан; Лиу, Ханју; Ли, Јанлинг; Ма, Јанминг (2014-05-07). „Метализацијата и суперспроводливоста на густ сулфурводород“. Журнал на хемиска физика. 140 (17): 174712. doi:10.1063/1.4874158. ISSN 0021-9606.
  48. Дроздов, А. П.; Ереметс, М.И.; Тројан, И. А.; Ксенофонтов, В.; Шилин, С. И. (2015). „Вообичаена суперспроводливост на 203 келвин под висок притисок во систем од сулфур хидрид“. Природа. 525 (7567): 73–6. doi:10.1038/nature14964. ISSN 0028-0836. PMID 26280333.
  49. Ислам; и др. (2014). „Критика на ветерните турбини: Технички предизвици и трендови на развој“. Обновливи и издржливи енергетски критики. 33: 161–176. doi:10.1016/j.rser.2014 јануари 085 Проверете ја вредноста |doi= (help).
  50. Линдер, Јакоб; Робинсон, Џејсон В.А. title=Суперспроводлива спинтроника (2 април 2015). Природна физика. 11 (4): 307–315. doi:10.1038/nphys3242. Недостасува права црта во: |first2= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  51. Томас; и др. (2016). „Суперспроводливи преносни кабли – Издржлив начин на пренесување на енергија кој е поприфатлив за народот?“. Обновливи и издржливи енергетски критики. 55: 59–72. doi:10.1016/j.rser.2015 октомври 041 Проверете ја вредноста |doi= (help).
  52. „Сите Нобелови награди за физика“. Nobelprize.org. Нобел Медија АБ 2014.

Дополнителна литература

уреди

Надворешни врски

уреди