Мајснер-Оксенфелдовиот ефект е појава на исчезнување на магнетното поле во внатрешноста на суперпроводник од прв тип при намалување на неговата температура. Во 1933 година, оваа појава ја откриле германските физичари Волтер Мајснер и Роберт Оксенфелд. Мерејќи ја дистрибуцијата на магнетните полиња кои се создаваат околу суперпровoдник, забележале дека со намалување на температурата на проводниците под т.н. температура пониска од критичната, магнетниот флукс е нула.

Дијаграм на Мајснер-Оксенфелдовиот ефект. Линиите на магнетното поле се надвор од суперпроводникот кога неговата температура е пониска од критичната.

Настанување на ефектот

уреди
 
Лебдење на магнет над суперпроводник оладен со течен азот.

Кога низ проводник тече струја, тој создава електромагнетно поле. Кога на ваков суперпроводник ќе му се намали температурата под критичната, тој започнува да се однесува како диамагнет (способност проводникот да формира магнетно поле спротивно на магнетното поле на надворешно тело). Сепак, во близина на површината на телото, на растојание познато како Лондонова длабочина на продирање, магнетното поле на проводникот не е целосно исчезнато (секој суперпроводник има своја карактеристична Лондонова длабочина на продирање).

Доколку до ваквиот суперпроводник се доближи тело со свое магнетно поле, магнетното поле од Лондонова длабочина на продирање нема да му дозволи на таквото тело да допре до него.

Надворешни врски

уреди