Калориметар
Калориметар[1][2] — мерен инструмент за одредување на количината топлина што се ослободува или троши при хемиска промена. Исто така, служи за одредување на специфичниот топлински капацитет . Главните видови калориметри се воден калориметар, леден калориметар, калориметар со бомба и Нернстов калориметар. За посебни намени се користат и други видови калориметри: струјни, кондензациски, испарувачки, адијабатски, диференцијален. Во последно време, тежиштето е ставен на развојот на инструменти кои работат брзо, со многу мала количина на примероци, а самата калориметрија сЕЕЕ повеќе се користи како рутинска аналитичка метода заедно со диференцијалната термичка анализа и диференцијалната термогравиметрија.
Видови калориметри
уредиВоден калориметар
уредиНаједноставниот калориметар е водениот калориметар. Се состои од топлински изолиран сад со одредена количина вода, мешалка и термометар. Количината на топлина што се пренесува од некое тело во водата се пресметува од податоците за масата на водата и зголемувањето на нејзината температура.
Леден калориметар
уредиВо ледениот калориметар (Роберт Вилхелм Бунсен, 1870), испорачаната топлина се користи за топење на мразот и се пресметува од промената на зафатнината на смесата од мраз и вода.
Калориметар со бомба
уредиКалориметарот со бомба (Марселен Бертело, 1877) служи за одредување на калориската вредност на горивото и храната. Се состои од херметички затворена челична комора (бомба) потопена во вода; измерената количина на супстанцијата што треба да се тестира се согорува во бомбата под висок притисок во присуство на кислород или натриум пероксид, а развиената топлина се пресметува од измереното зголемување на температурата на водата и топлинскиот капацитет на бомбата.
Нернстов калориметар
уредиВо Нернстовиот калориметар (Валтер Нернст), кој е погоден за мерења при ниски температури, водата се заменува со метален блок (обично од бакар), а температурата се мери со термоелементи.
Калориметрија
уредиКалориметријата е мерна метода за одредување на количината топлина. За разлика од мерењето на температурата (термометрија), калориметријата ја мери количината на топлинска енергија што е врзана или ослободена за време на физички или хемиски процес. Методот се заснова на набљудување на ефектите произведени од топлината: зголемување на температурата на супстанцијата со примена на топлина, промена на физичката (агрегатна) состојба на супстанцијата и претворање на хемиската, електричната или механичката енергија во топлина. Калориметриските одредувања се применуваат во многу гранки на науката и технологијата; тие се од суштинско значење за разбирање и толкување на многу физички и хемиски процеси, а исто така служат за одредување на топлинскиот капацитет на супстанциите, енергетската вредност на горивото, храната и многу повеќе. Посебна гранка на калориметријата е биокалориметријата, која ја мери количината на топлина вклучена во биолошките процеси со помош на биокалориметар.[3]
Топлинска вредност на храната
уредиТоплинската вредност на храната може да се одреди и со оксидиметриска анализа, т.е. со определување на количината на кислород потребна за оксидација на храната (со титрација со оксиданти, на пример, калиум јодат, калиум дихромат); вториот метод се состои во хемиско определување на белковини, масти и јаглехидрати во храната и множење на добиените резултати со соодветните термички (калориски) коефициенти
Наводи
уреди- ↑ „калориметар“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „калориметар“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ kalorimetrija, "Hrvatska enciklopedija", Leksikografski zavod Miroslav Krleža, www.enciklopedija.hr, 2014.