Стилови во музиката
Во историјата на музиката секоја епоха имала свои специфични одлики — свој стил[1], по кој тој се препознава. И брилијантните творци — композитори, пишувајќи во духот на времето, дале свои дела и личен печат, а оствариле и свој личен стил. Затоа, се вели дека стилот во музиката е начин на музичко размислување на некое доба и поединци во него.[2]
Ренесанса
уредиЗа време на ренесансата (15 и 16 век), се јавила желба старата уметност (антиката) да се прикаже во ново преродбено издание (анг. renaissance значи преродба)[3]. Тоа било време кога се печателе првите ноти (Јохан Гутенберг). Најзначајните претставници на ренесансата биле Џовани Пјерлуиџи де Палестрина и Орландо ди Ласо.
Барок
уредиВо барокот (крајот на 16 и почетокот на XVIII век) првпат силно се развила инструменталната музика. Како што во сликарството и архитектурата на барокната уметност карактеризираат сјај и големина, многу украси и немирни, преплетени линии, контрасти на светло и темно, такви слични одлики се забележуваат и во музиката на таа епоха: таа изобилува со орнаменти (украси), истовремено звучат и мелодискии самостојни гласови (полифонија), контрастите f и p се ненадејни (без крешендо и декрешендо), и ритамот тече во постојано движење. Најзначајните композитори од барокот композитори се од Јохан Себастијан Бах, Антонио Вивалди и Џорџ Фридрих Хендл.
Класицизам
уредиВо класицизмот (втората половина на XVIII и почетокот на XIX век) преовладува интелектот над чувствителноста. Тешкиот и украсен барок настапува место класичарската леснотија, јасност и правилност во мелодија, ритамот и обликот. Водечката мелодија се издвојува од хармонската поддршка. Во тоа време настануваат првите концерти за кларинет.
Најзначајните претставници на музичкиот класицизам се: Јозеф Хајнд, Волфганг Амадеус Моцарт и Лудвиг ван Бетовен.
Романтизам
уредиВо романтизмот (19. век) доминираат фантазијата и чувствителноста, наспроти класичарската воздржаност. творците ја замислувале магијата во себе, се повлекувале во светот на имагинацијата, се обраќале на легендарното минатото, ја опишувале убавината на природата. Мелодијата станува поголема, пораспеана, обоена хроматски и со динамични контрасти.
Инструменталниот виртуозитет доживеал свој процвет а се пишувале и многу концерти. Претставници на почетокот на романтизмот на првата половина на 19 век се Карл Марија фон Вебер, Франц Шуберт, Џоакино Росини, Луис Шпор, Роберт Шуман , Фредерик Шопен, Феликс Менделсон.
Во мелодијата и хармонијата имало сè повеќе хроматика како израз за нагласена емотивност. Овој период, припаѓа во Германија - Франц Лист, Рихард Вагнер, Јоханес Брамс, Антон Брукнер, Густав Малер, Макс Регер, Рихард Штраус, во Франција - Хектор Берлиоз, Сесар Франк, во Италија (опера) од Џузепе Верди, Џакомо Пучини .
Гранката романтизам ја сочинува итн. национална школа, пред сè руската (Михаил Глинка, Петар Илич Чајковски, Модест Мусоргски, Николај Римски-Корсаков) и чешка (Беджих Сметана, Антонин Дворжак). Овие композитори користеле живописни и впечатливи елементи на музичкиот фолклор на својот народ.
Импресионизам
уредиИмпресионизам (крајот на XIX и почетокот на XX век) добил свое име според зборот импресија, што значи впечаток. Музиката се поврзува со сликарство: се опишуваат впечатоци од природата се доживуваат и искажуваатна посебен, нов начин со ново сфаќање на звучниот колорит. Мелодијата се запоставила — често била расцепкана, фрагментирана, а предност се давало на тонската боја, хармонијата, и како и обично сложениот ритам. Најзначајните претставници се Французите: Клод Дебиси и Морис Равел.
Поврзано
уреди- ↑ Стилови у музици, од барока до 20. века
- ↑ Радивој Лазић, Школа за кларинет: Учим кларинет IV, Посетено на 25. 4. 2013.
- ↑ Властимир Перичић, Вишејезични речник музичких термина