Национални паркови во Нов Зеланд
Нов Зеланд има 13 национални паркови под управа на Службата за заштита на природата на Нов Зеланд.
Со Законот за национални паркови од 1980 г., национални паркови и резервати се создаваат во области каде пределите и пределите се од особен квалитет, или пак природните одлики или еколошките системи се од таква научна важност, што се смета дека нивното запазување е од национален интерес. Законот и овозможува на јавноста слобода на влез и пристап во парковите[1], но со услови и ограничувања кои се неопходни за зачувувањето на автохтоните растенија и животни, или воопшто за благосостојбата на паркот. Постојат и особено заштитени подрачја (550 км2) во кои може да се влезе само со писмена дозвола.
Законот налага националните паркови да се одржуваат во што поприродна состојба, со што би се одржала нивната вредност како почва, вода и шуми. Автохтоните растенија и животни се заштитени, додека донесените растенија и животни се отстрануваат доколку нивното присуство ги пореметува пропишаните цели. Градежните активности во дивите предели се ограничени на правење планинарски патеки и колиби кои се од суштинска важност за контролирање на дивите животни и вршење на научни истражувања. Законот ѝ дозволува на Службата за заштита на природата да гради планинарски домови, колиби, кампови, жичници и слични објекти, како и паркинзи, патишта и патеки. Сместувањето, превозот и други услужни дејности на влезните места во парковите го овозможува службата, други владини установи, доброволни организации и приватни фирми. Некои услуги во парковите, како обиколки со водич и обука по скијање, ги овозможуваат приватни фирми со повластици од службата.
Список на национални паркови
уредиОд север кон југ, националните паркови во Нов Зеланд се следниве:
Национален парк | Површина (км2) | Прогласен | Местоположба | План. домови | Опис |
---|---|---|---|---|---|
1954
(уникат во 2014 г.) |
Заедно со соседниот шумски парк Фиринаки, поранешниот парк Те Уревера е најголемиот сочуван предел со автохтони шуми на Северниот Остров. Езерото Ваикаремоана во паркот е познато по неговото живописно крајбрежје. Укинат е во 2014 г. | ||||
Тонгариро* | 796 | 1887 | 39°12′S 175°35′E / 39.200° ЈГШ; 175.583° ИГД | 10 | Првиот национален парк во Нов Зеланд. Претставува светско наследство на УНЕСКО поради природното и културното значење. Има свети места за Маорите и три активни вулкани: Руапеху, Нгаурухое и Тонгариро. |
Егмонт | 335 | 1900 | 39°16′S 174°6′E / 39.267° ЈГШ; 174.100° ИГД | 8 | Го опфаќа целото земјиште во полупречник од околу девет километри, од планината Таранаки/Егмонт и некои погранични предели на север. Симетричниот конус на заспаниот вулкан е регионално обележје. |
Фангануи | 742 | 1986 | 39°35′S 175°5′E / 39.583° ЈГШ; 175.083° ИГД | 5 | Се граничи со реката Фангануи. Сочинет е од крунска земја, поранешна државна шума и разни поранешни резервати. |
Абел Тасман | 225 | 1942 | 40°50′S 172°54′E / 40.833° ЈГШ; 172.900° ИГД | 7 | Има многубројни приливни мореузи и плажи со златен песок долж крајбрежјето на Тасмановиот Залив. Ова е најмалиот национален парк во Нов Зеланд. |
Кахуранги | 4.520 | 1996 | 41°15′S 172°7′E / 41.250° ЈГШ; 172.117° ИГД | 51 | Се наоѓа северозападиот дел од Јужниот Остров. Полн со извонредни и изолирани предели. Има прастари земјишни облици и уникатна флора и фауна. Овој национален парк е втор по големина во земјата. |
Нелсонски Езера | 1.018 | 1956 | 41°49′9″S 172°50′15″E / 41.81917° ЈГШ; 172.83750° ИГД | 20 | Дива и нерамна планинска област во регионот Нелсон. Се протега на југ од пошумените брегови на езерата Ротоити и Роторуа па сè до Националниот резерват Луисов Премин. |
Папароа | 306 | 1987 | 42°5′S 171°30′E / 42.083° ЈГШ; 171.500° ИГД | 0 | На Западното Крајбрежје на Јужниот Остров помеѓу Вестпорт и Грејмут. Во паркот се наоѓаат прочуените „Карпи-Палачинки“ (Pancake Rocks) кај Пунакаики. |
Артуров Превој | 1.144 | 1929 | 42°57′S 171°34′E / 42.950° ЈГШ; 171.567° ИГД | 28 | Дива планинска област која се протега напреку главната делница на Јужните Алпи. |
Вестленд Таи Поутини* | 1.175 | 1960 | 43°23′S 170°11′E / 43.383° ЈГШ; 170.183° ИГД | 12 | Се протега од највисоките врвови на Јужните Алпи до диво изолирано крајбрежје. Во паркот има ледници, живописни езера и густа дождовна шума, како и остатоци од рударски населби долж крајбрежјето. |
Аораки/Кукова Планина* | 707 | 1953 | 43°44′S 170°6′E / 43.733° ЈГШ; 170.100° ИГД | 16 | Алпски парк, со највисоката планина во земјата: Кукова Планина или Аораки (3.754 м) и најдолгиот ледник — Тасмановиот Ледник (29 км). Областа е мошне популарна за планинарство, скијање и туристичко надлетување. Овој парк има предели со извонредна природна убавина. Овој нацинален парк, заедно со националниот парк Вестланд се прогласени за светско наследство. |
Маунт Аспајринг* | 3.555 | 1964 | 44°23′S 168°44′E / 44.383° ЈГШ; 168.733° ИГД | 19 | Комплекс од импресивно глацијализирани планиниски предели распределени околу планината Маунт Аспајринг (Тититеја) (3.036 м), која е највисока во земјата вон националниот парк Аораки/Кукова Планина. |
Фјордленд* | 12.519 | 1952 | 45°25′S 167°43′E / 45.417° ЈГШ; 167.717° ИГД | 51 | Најголемиот национален парк во Нов Зеланд и еден од најголемите во светот. Со неговите величествени предели со длабоките фјордови, леднички езера, планини и водопади, паркот се стекнал со меѓународна слава како светско природно наследство. |
Ракиура | 1.500 | 2002 | 46°54′S 168°7′E / 46.900° ЈГШ; 168.117° ИГД | 24 | Зафаќа околу 85% од Стјуартовиот Остров (Ракиура) и е најнов национален парк во земјата. |
* — светско наследство на УНЕСКО или дел од него.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „8. Benefit, Use and Enjoyment of the Public: General Policy for National Parks“. doc.govt.nz. Department of Conservation. Архивирано од изворникот на 2010-05-15. Посетено на 14 August 2010.