Национален парк Егмонт
Национален парк Егмонт (англиски: Egmont National Park) — национален парк јужно од Њу Плимут, близу западното крајбрежје на Северниот Остров на Нов Зеланд. Наречен е по истоимената планина која ги доминира пределите, а планината така ја именувал Капетан Кук, во чест на Џон Персевал, втор Ерл од Егмонт, Прв лорд на Адмиралштабот, поддржувач на првото патешествие на капетанот Кук. На маорски плаината со векови се нарекувала Таранаки, а денес двете имиња се подеднакво официјални.
Национален парк Егмонт Egmont National Park | |
---|---|
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
Карта на Нов Зеланд | |
Место | Таранаки |
Најблизок град | Њу Плимут |
Површина | 335 км² |
Воспоставен(а) | 1900 |
Управно тело | Служба за заштита на природата |
Паркот е основан во 1900, и во него доминира големиот заспан вулкан на планината Таранаки (Егмонт).[1] Паркот преку годината добива обилни врнежи, кои во суштина се од орографско потекло поради влажните западни ветрови кои влегуваат на копното од Тасмановото Море и налетуваат на планината Таранаки и блиските венци Поуакаи и Каитаке и затоа се принудени да се издигнат. Заради големото количество на врнежи и благата крајбрежна клима, подрачјето има бујна дождовна шума која ги покрива падините. Оваа шума е од национално значење заради наполното отсуство на буката (род Јужни буки).
Екологија
уредиПределите на паркот се одликуваат со богата шума од северна рата, риму/широколисни четинари, иако кај севкупниот екосистем на паркот може да се забележи растителна зонација - ратата и римуто се најраспространети во пониските делови, додека пак дрвото камахи доминира во повисоките предели. Во овие прашуми доминира крунскиот папрат (Blechnum discolor) од ниските растенија.[2] Карактерот на растителните заедници се менува со надморската височина, до подалпски и алпски честак на високите предели, во остар контраст со околните обработливи површини и земјоделски пасишта. Мошне забележлива географска форма во паркот е карактеристичниот радијален одводен систем, кој може да се забележи на фотографијата десно.
Поврзано
уреди- Национални паркови во Нов Зеланд
- Таранаки/Егмонт - епонимната планина
Наводи
уреди- GNS Science. 2009. „Вулканите на Нов Зеланд: планината Егмонт“ Архивирано на 21 октомври 2009 г. (англиски)
- C. Michael Hogan. 2009. Крунски папрат: Blechnum discolor, Globaltwitcher.com, уредн. Н. Стромберг (англиски)
Белешки
уредиНадворешни врски
уреди- Земјина опсерваторија на НАСА - Национален парк Егмонт (1) Архивирано на 24 септември 2008 г. (англиски)
- Земјина опсерваторија на НАСА - Национален парк Егмонт (2) Архивирано на 23 септември 2008 г. (англиски)
- Информации за националниот парк Егмонт - Служба за заштита на природата на Нов Зеланд (англиски)
- Планината Егмонт како позадина за компјутер Архивирано на 3 октомври 2011 г. (англиски)