Национален парк Фјордленд
Национален парк Фјордленд (англиски: Fiordland National Park) — национален парк зафаќа југозападниот агол на Јужниот Остров на Нов Зеланд. Ова е најголемиот од 14-те национални паркови во земјата, со површина од 12.607 км2, и поголемиот дел од Те Вахипоунаму, место прогласено за Светско наследство на УНЕСКО. Со паркот раководи Службата за заштита на природата.
Национален парк Фјордленд | |
---|---|
Fiordland National Park | |
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
Националниот парк во рамкит на Нов Зеланд | |
Место | Саутленд |
Најблиска паланка | Те Анау |
Координати | 45°25′S 167°43′E / 45.417° ЈГШ; 167.717° ИГД |
Должина | 255 km (158 ми) |
Површина | 12.607 km2 (4,868 sq mi) |
Воспоставен(а) | 1952 |
Управно тело | Служба за заштита на природата |
Географски особености
уредиВо постудените изминати епохи, ледниците изделкале многубројни длабоки фјордови, од кои најпознат (и најпосетен) е Милфордскиот Теснец. Други значајни фјордови се Даутфул и Даски. Гледајќи северно од еден од врвовите во националниот парк може да се забележи планината Маунт Аспајринг.[1]
Фјордлендското крајбрежје е стрмно и назабено, со тоа што фјордовите се протегаат од долините, па сè до јужниот дел на Јужните Алпи, кај планините Кеплеровите и Мерчисоновите Планини. На северниот крај на паркот се извишуваат неколку планини со височина над 2000 метри.
Мразот во минатото исто така отцепил дел од копното, оставајќи два големи ненаселени острова - Секретарскиот Остров и островот Резолушон. Паркот има неколку големи езера, од кои позначајни се Те Анау, Манапоури, Моноваи, Хауроко и Потеритери. Југозападно од Милфордскиот Теснец се наоѓа Садерлендскиот водопад, еден од највисоките водопади во светот.
Западните ветрови дуваат влажен воздух од Тасмановото Море кон планините. Овој воздух се издига и се лади, и така предизвикува огромни количества на врнежи од над 7 метри годишно. Овие врнежи се заслужни за бујните умерени дождовни шуми на локалниот фјордлендски екорегион.
Растителност и животни
уредиОд животинскиот свет, во паркот се застапени делфините, фоките и птиците. Во паркот живеат и доведени видови како глувците, стаорците, дивите зајаци и елените. Од птичјите видови, најинтересна е птицата какапо, која е единствениот безлетен папагал на светот. Тука живее и автохтоната птица киви. Паркот има големи шумски површини со дрвја од родот на јужни буки, најразновиден честак и папрати; за ниската растителност типичен е крунскиот папрат (Blechnum discolor).[2]
Пристапност
уредиДо Фјордленд со возило се стигнува само по Милфордскиот пат (Milford Road, SH 94), кој се протега северно од Те Анау, крај границата на паркот, па влегува во него кај врутокот на реката Еглинтон. Оттука го пресекува северозападниот агол на паркот, и завршува кај Милфордскиот Теснец. Јужно од Те Анау има помал пат кој го поврзува со Манапоури. Во околината се протега и спореден локален пат кој го поврзува теснецот Даутфул со западниот крај на езерото Манапоури.
До Милфордскиот Теснец се стасува и со леки авиони и хеликоптерски превоз, а во подрачјето има и марина.
Активности
уредиПаркот е мошне популарно одредиште за алпинизам и особено, планинарење, а во близината се наоѓаат и познати планинарски патеки како Милфордската, Кеплеровата, Холифордската и Рутберновата патека.
Фјордленд спаѓа во најтешките планинарски одредишта. Во паркот има малку патеки, и вон нив планинарите мораат да следат еленски траги. Главни опасности се мушичките, поплавите и лошото време. Другите туристи го посетуваат Милфордскиот Теснец.
Во паркот е развиен ловот на дивеч од хеликоптер.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- C. Michael Hogan. 2009. Crown Fern: Blechnum discolor, Globaltwitcher.com, ed. N. Stromberg
- New Zealand Department of Tourist and Publicity. 1906. New Zealand Lakes and Fiords,the Wonders of Western Otago: Descriptive of the Southern Lakes and Mountains,the West Coast Sounds and Stewart Island, издавач: J.Mackay
Белешки
уредиНадворешни врски
уреди„Национален парк Фјордленд“ на Ризницата ? |
- За националниот парк Фјордленд, Служба за заштита на природата на Нов Зеланд (англиски)
- Крајбрежен билтен на Фјордленд Архивирано на 16 октомври 2008 г. (англиски)