Национален парк Вестленд Таи Поутини

Националниот парк Вестленд Таи Поутини (англ. Westland Tai Poutini National Park) се наоѓа на Јужниот Остров на Нов Зеланд. Основан е во 1960, по повод стогодишнината од европското населување на регионот Вестленд. Зафаќа површина од 1.175 км2 и се протега од највисоките врвови на Јужните Алпи, па до диво изолирано крајбрежје.

Национален парк Вестленд Таи Поутини
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Ледникот Франц Јосиф во 2011 г.
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 411: Malformed coordinates value
МестоЗападно Крајбрежје
Координати43°23′S 170°11′E / 43.383° ЈГШ; 170.183° ИГД / -43.383; 170.183
Површина1.319,8 km2 (509,6 sq mi)
Воспоставен(а)1960
Управно телоСлужба за заштита на природата

Паркот има ледници, живописни езера и густа умерена дождовна шума, како и остатоци од стари рударски гратчиња долж крајбрежјето.

Националниот парк Вестленд нуди добар лов на елени, дивокози и тарови. Ловците доаѓаат до непристапните предели со хеликоптер. Спротиводно од мостот на реката Карангаруа, паралелно на неа се извива познатата Коплендска Патека. Покрај планинските пејзажи, во паркот има и топли извори кај Велкам Флет Хат.

Надворешни врски

уреди