Национален парк Аораки/Кукова Планина

Националниот парк Аораки/Кукова Планина (англ. Aoraki/Mount Cook National Park) се наоѓа на Јужниот Остров на Нов Зеланд близу местото Твизел. Во рамките на самиот парк се наоѓа и селото Маунт Кук. Областа е прогласена за национален парк во октомври 1953 и е сочинета од резервати основани уште од 1887 со цел да се заштити значајната локална вегетација и предели.[1]

Национален парк Аораки/Кукова Планина
Aoraki/Mt Cook National Park
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Местоположба на Национален парк Аораки/Кукова Планина Aoraki/Mt Cook National Park
Местоположба на Национален парк Аораки/Кукова Планина Aoraki/Mt Cook National Park
Карта на Нов Зеланд
МестоЈужен Остров
Најблизок градМаунт Кук
Површина707 км2
Воспоставен(а)1953
Управно телоСлужбата за заштита на природата
Главниот срт со Сефтоновата Планина итн. „Табуретка“, од долината Хукер. Во позадината десно се гледа Аораки/Кукова Планина
Аораки/Кукова планина од долината Хукер
Завршниот дел на Тасмановиот Ледник кај езерото Тасман

Географија

уреди

Паркот зафаќа околу 700 км2. Ледниците зафаќаат 40% од паркот, од кои најпознат е Тасмановиот Ледник на падините на Кукова Планина.

Сите 20 врвови во земјата повисоки од 3.000 м се наоѓаат во овој парк, освен Маунт Аспајринг. Тука спаѓа и највисоката планина во Нов Зеланд, Аораки/Кукова Планина, со 3.753 м. Други позначајни врвови се Тасманова Планина, Хиксова Планина, Сефтонова Планина и планината Ели де Бомон. Планините на Јужните Алпи се млади, со помалку од десет милиони години, и сè уште се во фаза на издигање. Регионот на националниот парк во целина се издига по 5 mm годишно.

Паркот е дел и од јужновестлендското место Те Вахипоунаму прогласено за светско природно наследство како место од извонредна природна вредност.

Флора и фауна

уреди

Најголемиот дел од паркот се наоѓа над шумската граница, што значи дека растителниот свет се состои главно од алпски растенија како планинското лутиче, (ranunculus lyalli), најголемото лутиче во светот, големи планински маргаритки и дива копјеста трева (aciphylla colensoi) наречена и „Шпанец“ (Spaniard). Од птиците, во овие предели живее кеата, која претставува единствениот планински папагал и добро камуфлираното ливадарче. Од доведениот ловен дивеч најзастапени се дивокозата, хималајскиот тар и еленот.

Рекреација

уреди

Паркот е популарен за планинарење, скијање, лов и алпинизам. Со активностите во паркот раководи Службата за заштита на природата.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. [1] (Служба за заштита на природата - Национален Парк Кукова Планина. Пристапено на 05/07/09) (англиски)

Надворешни врски

уреди