Национален парк Кахуранги
Националниот парк Кахуранги (англиски: Kahurangi National Park) — национален парк во заверозападниот дел на Јужниот Остров на Нов Зеланд. Прогласен е за таков во 1996 г. и зафаќа површина од 4.529 км2. Со тоа, тој е втор по големина во земјата. Образуван е од поранешниот шумски парк „Северозападен Нелсон“.
Национален парк Кахуранги | |
---|---|
Kahurangi National Park | |
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
Широк поглед на долината Коб во Кахуранги. | |
Карта на Нов Зеланд | |
Најблизок град | Карамеја |
Површина | 4.529 км2 |
Воспоставен(а) | 1996 |
Управно тело | Служба за заштита на природата |
Во паркот се наоѓа ’ртот Кахуранги, кој се смета за граница помеѓу регионите Западно Крајбрежје и Тасман. Значајни се Хифиската патека и планината Овен.
Паркот е под управа на Службата за заштита на природата. Популарни активности во паркот се планинарењето, сплаварењето и пештерскиот туризам . Пред подрачјето да стане национален парк, Хивиската патека била популарна за планински велосипедизам. По извесно време била ставена забрана за велосипеди, за потоа да се дозволи во ограничениа мера со цел да се утврдат последиците од овие активности пред да се донесе конечно решение.[1]
Ова е едно од само две живеалишта на птицата такахе (Porphyrio hochstetteri), заедно со планината Мерчисон во Фјордленд.[2] Во 2018 г. на подрчајето се доведени 18 единки, цел век по нивното изумирање во тие краишта.[2]
Во 2019 г. е решено кон паркот да се придодаде голем дел од сливот на реката Мокихинуи, вклучувајќи 15 км од самото речно корито.[3]
Заштитни иницијативи
уредиПокрај постојаната заштитна работа на Службата за заштита на природата, постои и иницијатива на локалната заедница за „имплементирање, во партнерство со Службата за заштита на природата, заштитна стратегија за да се зачуваат и/или врати загрозената флора и фауна во Растителното сливното подрачје на националниот парк Кахуранги. Ова ќе го збогати доживувањето на сите посетители на ова популарно подрачје, и ќе доведе до поголема свест за заедницата и негова поголема употреба.“[4]. „Друштвото има оптегнато стапици во должина од околу 30 км а меѓу нив има по 100 метри простор. Постои и програма за истребување на осите. Дел од програмата на друштвото е и надгледување и контрола на птиците.“ [5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Пробни возења на Хифиската патека за планински велосипедизам, Служба за заштита на природата, посет. 18 декември 2012 г
- ↑ 2,0 2,1 https://i.stuff.co.nz/environment/102423974/first-population-of-takah-outside-of-fiordland-released-into-wild
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2019-04-22. Посетено на 2019-04-22.
- ↑ Friends of Flora Incorporated, Mission statement. URL:http://www.fof.org.nz/index-2.html Архивирано на 26 мај 2010 г.
- ↑ Туризмот соработува со заштитата на преден план Архивирано на 21 јули 2012 г. — Bush & Beyond (англиски)
Надворешни врски
уреди- Национален парк Кахуранги на Ризницата ?
- Национален парк Кахуранги — Служба за заштита на природата на Нов Зеланд (англиски)
- Информации за националниот парк Кахуранги — Служба за заштита на природата на Нов Зеланд (англиски)