Служба за заштита на природата (Нов Зеланд)
Служба за заштита на природата (англиски: Department of Conservation; маорски: Te Papa Atawhai) или DOC — државен орган на Нов Зеланд надлежен за заштита на природните и културните богатства на земјата.[3] Моменталниот министер за заштита на природата е Кејт Вилкинсон.
Служба за заштита на природата | |
---|---|
Податоци за органот | |
Основан | 1 април 1987 |
Надлежност | Нов Зеланд |
Седиште | Конзервејшн Хаус, 18–32 Манерст Стрит, Велингтон 6011 |
Вработени | 2.413 редовни (30 јуни 2020)[1] |
Годишен буџет | Вкупен за 2019/20 ▲600.588.000 $[2] |
Надлежен министер | Тама Потака, Министер за зашт. на прир. |
Раководител | Пени Нелсон (Ген. директор) |
Мрежно место | |
doc.govt.nz |
Функција
уредиПреглед
уредиСлужбата е основана во 1987 г. со донесувањето на Законот за заштита на природата (Conservation Act 1987)[4] спојувајќи се со дел од тогашата Служба за земјишта и катастар, со Службата за шумарство и Службата за див свет. Со овој закон се утврдени и највеќето должности и улоги на установата.
Во нејзина надлежност е речиси сето крунско земјиште во Нов Зеланд. Ова претставува една третина од површината на земјата, и тука спаѓаат национални, шумски и морски паркови, и речиси 4000 резервати, поречја, некои крајбрежни предели, неколку стротини мочуришта и многу острови. Речиси сите предели под надлежност на службата се заштитени поради нивната пејзажна, научна, историска или културна вредност, или пак се наменети за рекреативни активности.
Рекреативната цел е една од поглавните одговорности на службата. Тука спаѓа раководење и одржување на излетнички места, планинарски патеки и 1000 куќарки за планинари и ловџии. Под нејзина надлежност е и Фондот за природни богатства, како и пожарната безбедност во руралните подрачја.
Покрај раководењето со земјиштата и рекреативните активности, службата работи на зачувување на природните богатства. Тука може да се вброи запазувањето на историски места на јавно земјиште, грижа за опстанокот на загрозените домородни видови, справување со неповолни состојби како штетници и коров, обнова на природната околина, зачувување на морскиот свет, и пружање помош на земјопоседниците во зачувувањето на природното богатство.
Заштитени предели
уредиНов Зеланд има 14 национални паркови и поголем број на други заштитени области со различно ниво на заштитеност. На една третина од земјиштата постои забрана за рударски активности.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „FTE employees by department“. Workforce data. Public Service Commission. 30 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 20 January 2021. Посетено на 9 декември 2020.
- ↑ „Total Appropriations for Each Vote“. Budget 2019. The Treasury. 30 мај 2019.
- ↑ Цели на Службата - Извештај од 30 јуни 2007. проверено на 2 април 2008 (англиски)
- ↑ Закон за заштита на природата 1987 Архивирано на 13 февруари 2012 г. (англиски)
Надворешни врски
уреди„Служба за заштита на природата (Нов Зеланд)“ на Ризницата ? |
- Служба за заштита на природата (англиски)
- Блог на Службата за заштита на природата (англиски)
- Кратка историја на Службата за заштита на природата: 1987-2007 (англиски)