Шумски парк Фиринаки

Шумскиот парк Фиринаки (англ. Whirinaki Forest Park) е јавен шумски парк на Северниот Остров на Нов Зеланд. Во неговото средиште се наоѓа местото Мингинуи, а на исток (делумно) се граничи со националниот парк Те Уревера.

Колиба во паркот

Со паркот раководи Службата за заштита на природата на Нов Зеланд. Најпопуларна активност во паркот е планинарството. За оваа цел постои мрежа од патеки, како и колиби за засолнување.

Поврзано

уреди

Литература

уреди
  • Morton, John; John Ogden, Tony Hughes (1984). To save a forest - Whirinaki. Photographs by Ian MacDonald. Auckland, NZ: David Batemen Ltd. ISBN 0-908610-24-6.

Надворешни врски

уреди

38°46′S 176°46′E / 38.767° ЈГШ; 176.767° ИГД / -38.767; 176.767