Национален парк Артуров Превој

национален парк во Нов Зеланд

Национален парк Артуров Превој (англиски: Arthur's Pass National Park) — национален парк кој наоѓа на Јужниот Остров на Нов Зеланд.

Национален парк Артуров Превој
Arthur's Pass National Park
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Местоположба на Национален парк Артуров Превој Arthur's Pass National Park
Местоположба на Национален парк Артуров Превој Arthur's Pass National Park
Карта на Нов Зеланд
МестоКантербери, Нов Зеланд
Најблизок градКрајстчерч
Површина1143 км2
Воспоставен(а)1929
Управно телоСлужба за заштита на природата
Селото Артуров Превој
Планинско лутиче (Ranunculus lyallii) во паркот
Поглед на Артуровиот Превој од планината Аваланш Пик

Основан е во 1929 како прв национален парк на Јужниот Остров и трет во земјата. Низ него поминува автопатот State Highway 73, кој минува низ селото Артуров Превој (Артур Пас) и продолжува преку истоимениот планински превој на Јужните Алпи на надморска височина од 920 м. Паркот е под управа на Службата за заштита на природата која во селото Артуров Превој има депо, управни канцеларии и посетителски центар.

Географија уреди

Паркот е мошне карактеристично поделен со главната делница на Јужниот Остров. Источната страна е посува и е покриена со букова шума и широки речни корита, додека пак западната страна е прекриена со густи дождовни жуми. Географијата во најголема мера е производ на древните ледници, образувајќи рамни долини со облик на буквата U. По средината се протега висок планински венец со големи планини со снежни врвови одронети падини.[1]

Паркот ги содржи следниве географски обележја:

Рекреација уреди

Паркот е популарен за планинарство, скијање и алпинизам.

Најпопуларни планинарски патеки се:

  • Минга-Десепшон (по која се одржува трка „од крајбрежје до крајбрежје“)
  • Аваланш Пик
  • Ходон-Едвардс

Безбедност уреди

Паркот се смета за многу тежок и опасен за планинарење, и во многу случаи бара големо планинарско искуство и опширни познавања од овој слабо населен крај.

Локалните временски услови и прогноза можат да се проверат тука Архивирано на 28 август 2005 г..

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Национален парк Артуров Превој > Нов Зеланд, www.newzealand.com (англиски), отворено на 30 ноември 2009

Надворешни врски уреди