Национален парк Абел Тасман

Националниот парк Абел Тасман (англ. Abel Tasman National Park) е национален парк насеверниот крај на Јужниот Остров на Нов Зеланд. Основан е во 1942 г. и зафаќа површина од само 225,3 км2. Со тоа ова е најмалот национален парк во земјата.[2] Паркот се состои од шумски ридести предели северно од долините на реките Такака и Ривака, и на север се граничи со водите на Златниот Залив и Тасмановиот Залив. Паркот е именуван по холандскиот истражувач Абел Тасман, кој во 1642 г. бил првиот Европеец кој го открил Нов Зеланд.

Национален парк Абел Тасман
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Карта
Интерактивна карта на националниот парк
Местоокруг Тасман, Нов Зеланд
Најблиска паланкаМотуека · Такака
Координати40°54′00″S 172°58′16″E / 40.900° ЈГШ; 172.971° ИГД / -40.900; 172.971
Површина237,1 km2 (91,5 sq mi)
Воспоставен(а)1942[1]
Управно телоСлужба за заштита на природата

Националниот парк Абел Тасман се е протега повеќе од средниот висок водостој на блиското крајбрежје. Помеѓу средниот висок водостој и средните ниски извори, плажите се сметаат за пејзажен резерват, и зафаќаат вкупна површина од 7,74 км2 (околу 70 км во должина).

Одговорен управен орган за паркот е Службата за заштита на природата. Пејзажниот резерват пак, е под управа на генералниот директор на регионалниот совет на Тасман на функционерот т.н. „конзерватор“ при службата заштита на природата одговорен за Нелсон и Марлборо. Активностите во соседните крајбрежни води се надлежност на регионалниот совет. Овие подрачја имаат свои засебни регулативи.

Абел Тасмановата крајбрежна патека (Abel Tasman Coast Track) е популарна планинарска патека која се протега долж крајбрежјето. Постои и внатрешна, копнена патека наречена Абел Тасманова внатрешна патека (Abel Tasman Inland Track), но таа е послабо посетена. Други значајни активности во паркот се кајакарството, кампувањето и посетувањето на природни знаменитости.

Најблиското населено место е гратчето Мотуека кое се наоѓа 20 километри јужно.

Во 2008 кон паркот се придодадени 7,9 км2, вклучувајќи и земја дотогаш во приватна сопственост.[3]

Тотарануи е плажа долга 1 км и голем камп во националниот парк Абел Тасман.
Висечки мост на патеката.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Hoiberg, Dale H., уред. (2010). „Abel Tasman National Park“. Encyclopædia Britannica. I: A-ak Bayes (15th. изд.). Chicago, Illinois: Encyclopædia Britannica Inc. стр. 25. ISBN 978-1-59339-837-8.
  2. http://www.doc.govt.nz/templates/PlaceProfile.aspx?id=38455 Национален парк Абел Тасман - Служба за заштита на природата
  3. „Националните паркови добиваат во простор“. соопштение за печат. Влада на Нов Зеланд. 20 март 2008. Архивирано од изворникот на 2008-10-17. Посетено на 26 март 2008.

Надворешни врски

уреди