Национален парк Папароа

Националниот парк Папароа (англ. Paparoa National Park) се наоѓа на западното крајбрежје на Јужниот Остров на Нов Зеланд.

Национален парк Папароа
Paparoa National Park
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Местоположба на Национален парк Папароа Paparoa National Park
Местоположба на Национален парк Папароа Paparoa National Park
Карта на Нов Зеланд
МестоЗападно Крајбрежје
Најблизок градПунакаики
Површина305,6 км2
Воспоставен(а)1 јануари 1987
Управно телоСлужба за заштита на природата
Прочуените „Карпи-палачинки“ (Pancake Rocks) во националниот парк Папароа

Паркот е основан во 1987 г. и зафаќа површина од 306 км2.[1] Паркот се протега од крајбрежјето, па сè до врвот на планата Папароа. На север се наоѓа посебен дел од паркот, низ чие средиште тече потокот Анануи.

Паркот заштитува варовничко карстно подрачје. Во него има неколку пештери, а една од нив е туристичка атракција. Најголемиот дел од паркот е пошумен со најразновидна вегетација.

На самиот крај на паркот е сместено малото селце Пунакаики.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Служба за заштита на природата Те Папа Атафаи“. (англиски)

Надворешни врски

уреди