Плоски — село во Општина Свети Врач, Пиринска Македонија, во југозападниот дел на Бугарија.

Плоски
Плоски is located in Бугарија
Плоски
Плоски
Местоположба во областа
Плоски во рамките на Пиринска Македонија
Плоски
Местоположба на Плоски во Општина Свети Врач и Благоевградската област
Координати: 41°39′N 23°16′E / 41.650° СГШ; 23.267° ИГД / 41.650; 23.267
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСвети Врач
Надм. вис.&10000000000000544000000544 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно631
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2810
Повик. бр.0746


Географија и местоположба уреди

 
Панорама на селото

Селото Плоски се наоѓа во западните падини на Пирин Планина, оддалечено 6 километри од главниот пат E79 и на 16 километри од општинскиот центар Свети Врач, на 62 километри од Горна Џумаја и на 155 километри од главниот град Софија. Сместено е на надморска височина од 544 метри.

Историја уреди

Во близина на селото пронајдени се остатоци од тракиско и римско време, но и од средновековниот период. Подоцна за време на Отоманското Царство селото станува турски чифлик.[2]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1.340 жители, од кои 750 Турци, 400 Македонци[3], 190 Роми.[4]

По Балканските војни во Плоски се населуваат Македонци - бежанци од Егенсја Македонија и од областа Каршијак во Пиринска Македонија - главно од селата Игралиште, Махалата, Палат.[2]

Во 1914 година на највисоката точка во селото е изградена црквата „Успение на Пресвета Богородица“.

Стопанство уреди

Демографија уреди

Според пописот од 2011 година, во селото живееле 631 жител.[5]

На табелата е прикажан националниот состав на населението во селото:[6]

националност број %
Бугари 601 95,2
Роми / 0
Турци / 0
други / 0
не се самоопределиле / 0
не одговориле 30 0
Вкупно 631 100

На табелата е прикажан бројот на населението во Плоски за периодот 1934-2011:[7]

година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011
население 1.385 1.686 1.886 1.864 1.449 1.287 997 819 631
 
Фолклорна група од Плоски, 1990

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Културни и природни знаменитости уреди

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. Фактична состојба на населението и домовите во Бугарија според пописот од 1 февруари 2011 г. Ethnic composition, all places: 2011 census.
  2. 2,0 2,1 История. // Плоски. Посетен на 20 декември 2015.
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 189. ISBN 954430424X.
  5. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
  6. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
  7. „Справка за населението на с. Плоски, общ. Сандански, обл. Благоевград“ (бугарски). Посетено на 2018-02-04.