Костур (Кривопаланечко)

село во Општина Крива Паланка

Костур — село во областа Славиште, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка.

Костур

Поглед на селото Костур

Костур во рамките на Македонија
Костур
Местоположба на Костур во Македонија
Костур на карта

Карта

Координати 42°12′16″N 22°26′7″E / 42.20444° СГШ; 22.43528° ИГД / 42.20444; 22.43528
Регион  Североисточен
Општина  Крива Паланка
Област Славиште
Население 16 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1335
Повик. бр. 031
Шифра на КО 15021
Надм. вис. 1.000 м
Слава Спасовден
Костур на општинската карта

Атарот на Костур во рамките на општината
Костур на Ризницата

Географија и местоположба уреди

 
Куќи во селото

Селото се наоѓа во областа Славиште, во југоисточниот дел на територијата на Општина Крива Паланка, во изворишното сливно подрачје на Крива Река, а чиј атар се допира со државната гранична линија со Бугарија.[2] Селото е планинско, чии маала се сместени на надморска височина од 1.000 до 1.140 метри. Од градот Крива Паланка, селото е оддалечено 13 километри.[2]

Куќите на ова мало село се наоѓаат во долината на Крива Река. Околни села се Узем на северозапад и Кркља на југозапад. Недалеку од Костур поминува и државната граница со Бугарија.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Градиште, Црквиште, Средње Брдо, Божова Нива, Мокра, Длага Ливада, Ливада, Кошари, Љути Рид, Борики, Влашко Присоје, Селиште, Ланиште и Гумниште.[3]

Селото е од разбиен тип. Се разликуваат три маала: Костур (13 к.), Варош (7 к.) и Јанчева (5 к.). Првото маало се наоѓа на левата падина на долината на Крива Река, второто маало е во самата долина, додека третото е на десната падина на долината.[3]

Селото Костур се наоѓа на југоисток од градот Крива Паланка. На север се граничи со селото Узем, на исток со Бугарија, на југ со Општина Македонска Каменица и на запад со селата Станци и Кркља.

Историја уреди

 
Куќи во селото

Селото поседува многу старини и карактеристични топографски имиња. Во долината на реката постои височинка наречена Градиште, а во негова близина се наоѓаат и месностите Црквиште, Селиште и денешното маало наречено Варош. Според мештаните, таму некогаш биле пронајдени воденички камења, додека на Селиште се познаваат остатоци од куќи. Во 1954 година при поставување на далековод биле откриени стари гробови на месноста Црквиште. Во селото се познаваат и остатоци од рударски активности.[3]

Не се знаат повеќе информации за основањето на селото и неговото име. Најстаро е маалото Костур, по кое селото и го добило името. Еден дел од родовите во селото е доста стар.[3]

Во XIX век, Костур било село во Кривопаланечка каза на Отоманското Царство.

Стопанство уреди

 
Амбар во селото

Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 44,8 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 2.387 хектари, на пасиштата отпаѓаат 1.809 хектари, а на обработливото земјиште 144 хектари.[2]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]

Во минатото, главно занимање на мештаните било сточарството, но замрело целосно по Втората светска војна со забраната за одгледување кози и сечење шума.[3]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948178—    
1953225+26.4%
1961190−15.6%
1971150−21.1%
1981107−28.7%
ГодинаНас.±%
199175−29.9%
199467−10.7%
200238−43.3%
202116−57.9%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Костур имало 138 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Костур имало 144 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

По Првата светска војна селото било дел од општината Дурачка Река и имало 122 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[7]

Костур е мало село, кое што во 1961 година броело 190 жители, а во 1994 година 67 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Костур живееле 38 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 16 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 138 144 178 225 190 150 107 75 67 38 16
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови уреди

Костур е македонско село.[3]

Родови во селото се: Костурани (13 к.), најстар род во селото, се делат на Јанчеви (6 к.), Милчевци (4 к.) и Ристини (3 к.); Јанчевци (5 к.), живеат во истоименото маало, гранка на претходниот род; Варошани (7 к.), доселени се од селото Бабина Пољана кај Врање (денес во Србија), го знаат следното родословие: Коле (жив на 40 г. во 1973 година) Карафил-Димитрија-Јанко-Велко, основачот на родот кој се доселил.

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:[13]

Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Жидилово, во која покрај селото Костур, се наоѓале и селата Жидилово, Кркља, Узем и Трново. Селото било дел од некогашната општина Жидилово во периодот 1950-1952, кога покрај него се наоѓале и селата Жидилово, Кркља и Узем.

Избирачко место уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0961 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Узем.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 189 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости уреди

 
Поглед на селските гробишта
Археолошки наоѓалишта[16]

Редовни настани уреди

  • Спасовден — селска слава, кога мештаните се собираат во највисокото маало Костур

Иселеништво уреди

Од селото има приличен број на иселеници. Има иселено во 1912 година во Бугарија. Поголемиот дел од селото се има иселено по Втората светска војна: шест семејства во градот Делчево, додека неколку биле колонизирани во Банат.[3]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 159. Посетено на 20 јуни 2019.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Трифуноски, Јован (1973). Кривопаланачка област. Загреб: Хрватска академија на науките и уметностите. стр. 314–316.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 224.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 142-143.
  6. „Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София, 1917, с. 29“. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 2021-08-13.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 јуни 2019.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 20 јуни 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-06-02. Посетено на 22 јуни 2019.
  16. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски уреди