Соколово или Чоколово (грчки: Παραπόταμος, Парапотамос; до 1927 г. Σοκόλοβο, Соколово[2]) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 133 жители (2011).

Соколово
Παραπόταμος
Соколово is located in Грција
Соколово
Соколово
Местоположба во областа
Соколово во рамките на Синтика (општина)
Соколово
Местоположба на Соколово во општината Синтика и областа Централна Македонија
Координати: 41°14′N 23°0′E / 41.233° СГШ; 23.000° ИГД / 41.233; 23.000
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаБеласица
Надм. вис.&1000000000000008000000080 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно133
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото е сместено во Серското Поле, западно од Валовишта и југоисточно од Анатолу, на надморска височина од 80 м.[3]

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

Во XIX век Соколово бил турско село во Авретхисарската (Кукушка) каза на Серскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Соколово имало 250 жители Турци.[4]

Во Грција уреди

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 180 жители, а во 1920 г. се зголемиле на 268 лица.[3]

Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 56 бегалски семејства (вкупно 226 бегалци), така што селото станало бегалска населба.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Парапотамос (Παραπόταμος).[2]

Стопанство уреди

Селото се смета за мошне богато, бидејќи располага со плодно земјиште кое се наводнува од Бутковската Река која минува кај селото. Населението произведува тутун, памук, жито и други земјоделски производи.[3]

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 373 336 419 304 213 164 212 133
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика уреди

Во 1919 година, селото станало самостојна општина. Општината Соколово била приклучена во општината Анатолу во 1925 година.[3]

Селото припаѓа на општинската единица Беласица со седиште во селото Станица Порој, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Анатолу, во кој е влегуваат и истоименото село и Тодорово.

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 31 март 2024.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 207–208.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 167. ISBN 954430424X.