Анатолу или Анадолу (грчки: Ανατολή, Анатоли; до 1927 г. Ανατολού, Анатолу[2]) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 132 жители (2011).

Анатолу
Ανατολή
Анатолу is located in Грција
Анатолу
Анатолу
Местоположба во областа
Анатолу во рамките на Синтика (општина)
Анатолу
Местоположба на Анатолу во општината Синтика и областа Централна Македонија
Координати: 41°15′N 22°56′E / 41.250° СГШ; 22.933° ИГД / 41.250; 22.933
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаБеласица
Надм. вис.&10000000000000140000000140 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно132
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото е сместено во северозападното подножје на планината Круша, околу 55 км северозападно од градот Сер, на надморска височина од 140 м.[3]

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

Во XIX век Анатолу бил турско село во Авретхисарската (Кукушка) каза на Серскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Анатолу имало 400 жители Турци.[4]

Во Грција уреди

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 395 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 340 лица.[3]

Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 31 бегалско семејство (вкупно 158 бегалци), така што селото станало бегалска населба.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Анатоли (Ανατολή).[2]

Стопанство уреди

Населението произведува тутун, жито и други земјоделски производи, а делумно се занимава со сточарството.[3]

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 290 288 406 273 182 167 200 132
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика уреди

Во 1919 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 65 квадратни километри.[3] Општината Анатолу била приклучена во општината Беласица во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Синтика.

Селото припаѓа на општинската единица Беласица со седиште во селото Станица Порој, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Анатолу, во кој е влегуваат и селата Соколово и Тодорово.

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 25 март 2024.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 185.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 167. ISBN 954430424X.