Душко Наневски
Душко Наневски бил македонски поет, литературен критичар и есеист.[1] Неговиот најголем негов придонес бил во областа на поезијата, како и на современо преточување на дела од народен карактер.
Душко Наневски | ||
Роден | 17 јуни 1929 Шлегово | |
---|---|---|
Починал | 1991 | |
Занимање | македонски поет, литературен критичар и есеист |
Животопис
уредиНаневски е роден во село Шлегово, Кратовско на 17 јуни 1929 година. Средношколскиот период го завршил во локалната гимназија со одличен успех, а потоа ги завршил студиите по југословенска книжевност на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел како виш научен соработник во Институтот за македонска книжевност во Скопје.[2] Од 1959 година, бил и член на Друштво на писателите на Македонија. Бил уредник на списанието „Современост“. Починал во 1998 година.
Најголемиот придонес на Наневски бил во областа на македонската поезија, а важи и за толкувач и истражувач на народниот говор.[2]
Одбрани дела
уреди- „Македонска поетска школа“ (есеи и критики, 1977)
- „Раѓање на метафората“ (поетски истражувања, 1982)
- „Самовилското коњче“ (македонски бајки, авторизирана верзија, 1978)
- „Знаци од азбуката“ (елиптики, поезија, 1982)
- „Поетот Рацин“ (монографија, 1983)
- „Критички илуминации“ (есеи и критики, 1984)
- „Охридска поема“ (поезија, 1985)
- „Поетика на јазикот - етиди“ (1988)
- „Интегрална поетика“ (1993)
Антологии
- „Љубовни народни песни“ (1971)
- „Црниот славеј“ (антологија на современата македонска поезија, 1977).
Добитник е на наградите „Кочо Рацин“ и „Златен венец“ на експерименталните сцени во Сараево за сценската верзија „Димна Јуда“ (1974).
Наводи
уредиОваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |