Александар Алексиев
Александар Алексиев — македонски поет, романописец, критичар, книжевен историчар и театралог.
Александар Алексиев | |
---|---|
Роден/а | 20 август 1929 Кочани, Македонија |
Починат/а | 22 февруари 2006 Скопје, Македонија |
Занимање | Писател |
Роден е во Кочани на 20 август 1929 година. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Бил директор на Радио Скопје, на Архивот на Македонија и професор на Факултетот за драмски уметности. Долгогодишен уредник на списанието „Современост“. Член на ДПМ од 1959 година.[1] Една година бил затворен на Голи Оток, за што пишува во својот роман „Деветте круга на пеколот“.[2] Почина на 22 февруари 2006 година.
Книжевно творештво
уреди- Песни (1955)
- Основоположници на македонската драмска литература (студии, 1972)
- Војдан Чернодрински (монографија, 1974)
- Антон Панов (монографија, 1974)
- Македонската драмска литература (студии, 1976)
- Македонската драма меѓу двете светски војни (студија, 1976)
- Илинден и македонската драмска литература (студија, 1983)
- Низ литературното минато и сегашноста (студии, 1985)
- Љубов за љубов (монографија, 1994)
- Деветте круга на пеколот (роман, 2000)
Ги уредил собраните дела на:
- Војдан Чернодрински, во пет томови (1975)
- Васил Иљоски, во три томови (1979)
Награди
уредиДобитник е на наградите: „11 Октомври“ и „Војдан Чернодрински“ и „Златно перо“ за преведувачка дејност.
Наводи
уреди- ↑ „Друштво на писателите на Македонија“. Архивирано од изворникот на 2010-09-30. Посетено на 2009-12-01.
- ↑ Јелена Лужина „Замина основоположникот на македонската театрологија“, Утрински Весник“