Ранко Младеноски (1966, Подгорци, Струшко) — македонски писател, преведувач и теоретичар, професор по книжевност на Филолошкиот факултет во Штип на Катедрата за македонски јазик и книжевност, при Универзитетот „Гоце Делчев“.[1]

Биографија и творештво

уреди

Младеноски работел како новинар, уредник и лектор во повеќе весници како што се „Вечер“, „Експрес“, „Македонско сонце“ и „Нова Македонија“. Исто така, бил уредник во книжевните списанија „Современост“, „Книжевна академија“, „Велес“, „Годишниот зборник“ на Филолошкиот факултет во Штип и „Палимпсест“.

Автор е на неколку збирки проза и повеќе научни дела од областа на македонската книжевност. Има објавено околу 150 интерпретации, есеи и рецензии во голем број списанија во земјава и во неколку балкански држави.[2][3] Негови песни, раскази и кратки прозни лирски текстови се преведени и објавени во разни списанија на неколку словенски јазици.[4] Преведува од српски, бугарски и хрватски на македонски јазик.

Наводи

уреди
  1. University, Ranko MladenoskiGoce Delcev; Shtip; Language, Republic of Macedonia · Department of Macedonian; PhD, Literature 9 95 ·; Professor; Theory, Literary; Literature, Macedonian. „Ranko Mladenoski | PhD, Professor, Literary Theory, Macedonian Literature | Department of Macedonian Language and Literature“. ResearchGate (англиски). Посетено на 2018-10-20.
  2. „Објавен нов број на списанието „Македоника". А1он (англиски). 2015-12-22. Посетено на 2018-10-20.[мртва врска]
  3. „„Деконструкција на ликот" – нова книга од Ранко Младеновски | Република Online“. republika.mk. Посетено на 2018-10-20.[мртва врска]
  4. „Македонски автори во антологија на европски расказ“. Сител Телевизија. Посетено на 2018-10-20.