Мето Јовановски (писател)
- Поврзано: Мето Јовановски (појаснување)
Мето Јовановски (26 октомври 1928 во Брајчино — 23 декември 2016 во Скопје) — македонски раскажувач и романописец и прв претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права, а потоа негов почесен претседател.[1]
Мето Јовановски | ||
Роден | 26 октомври 1928 Брајчино, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 23 декември 2016 Скопје, Македонија |
Бил претседател на македонскиот ПЕН Центар. На 9 ноември 2006 година заедно со Слаѓана Тасева ја основал невладината организација за борба против корупцијата „Транспарентност - нулта корупција“.
Бил дел од уредничките тимови на списанијата „Современост“ и „Хоризонт“.
ТворештвоУреди
Јовановски е автор на збирките раскази:
- „Јадреш“, 1956
- „Мени на мојата месечина“, 1959
- „Првите човекови умирања“, 1971
- „Патот до осамата“, 1978
- „Крстопат кон спокојот“, 1987
- „Љубовта на Грифонот“, 2005.
На романите:
- „Хајка на пеперутки“, 1957
- „Слана во цутот на бадемите“, 1965
- „Земја и тегоба“, 1968
- „Сведоци“, 1970
- „Будалетинки“, 1973
- „Орловата долина“, 1979
- „Крлежи“, 1984 и
- „Балканска книга на умрените или Ослободување преку зборување“, 1992.
На книгите за деца:
- „Љуман Арамијата“, 1954 и
- „Војвода над војводите“, 1980.
Автор е и на патописот „Клучевите на Манхатан“, 1983, а има напишано и радио и тв драми. Составувач е на антологијата „Една друга Америка“, 1978 и на лексиконите „Кој е кој, што е што“, 1963 и „Мал литературен лексикон“, 1971.[2]
Негови дела, особено расказите, се објавувани на повеќе светски јазици. Преведува од англиски и руски јазик.
ПогребУреди
Мето Јовановски бил погребан во неговото родно село Брајчино.[1]
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 „Почина Мето Јовановски“. Макфакс. Скопје. 24 декември 2016. Посетено на 24 декември 2016.
- ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 109.