Смрча

род растенија
(Пренасочено од Смрчата)
Смрча
Обична смрча
(Picea abies)
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Четинари
Класа: Четинари
Ред: Боровидни
Семејство: Борови
Потсемејство: Смрчи
Frankis
Род: Смрча
Mill.
Видови

~35, во текстот

Смрча (научPicea) — род на иглолисни зимзелени дрва со околу 35 вида. Припаѓа на семејството на боровите (Pinaceae), а најзастапена е во умерениот појас и подрачјата со тајга ширум светот. Смрчите се големи дрва, со висина од 20–60 метри и се одликуваат со конусниот облик на крошната кога се млади. Игличките се четирирабни и прицврстени во снопчиња.

Игличките ги јадат ларвите на неколку вида на пеперутки.

Смрчата во Македонија

уреди

Во Македонија растат неколку вида на смрча, од кои како автохтона се јавува само обичната смрча (P. abies).[1] Бодликавата смрча (P. pungens) расте како доведен вид со стопанска намена.[2] Покрај нив, присутна е и омориката (P. omorika), која служи како парковско дрво, но и во шумите.

Низ Македонија минува самата јужна граница на ареалот на смрчата. Природни шуми од обична смрча има во сливовите на реките Пена и Радика, како и во мало изолирано подрачје во месноста Мурите во Беровско.[1]

Видови

уреди

Во светот постојат 35 видови на смрча.

 
Тукушто никната сива смрча (P. glauca)
 
Неузреани шишарки на црна смрча (P. mariana)
 
Шишарки и листови на бодликава смрча (P. pungens)
  • клад I
  • клад II
  • клад III
  • клад IV
  • клад V

Употреба

уреди

Дрво и преработки

уреди
 
Талпа од обична смрча

Смрчата наоѓа примена како добро дрво за столарија и во градежништвото, и особено погодно за изработката на трупови на дрвени воздухоплови. Од ова дрво се прават многу жичени инструменти како што се гитарата, мандолината, виолончелото, виолината, резонантната кутија во средината на пијаното и харфата. Првото летало на Браќата Рајт, наречено Flyer („Летач“) било изработено од смрча.[3]

Бидејќи смреката не е отпорна на гниење и штетници откако ќе се исече и трае само 12-18 месеци ако е изложено надвор. Затоа, нејзиниот дрвен маетријал се препорачува да се користи само за внатрешно уредување.

Смрчата е од големо знчење за добивање на дрвена каша за изработка на хартија. Долгите конци на дрвото даваат цврст производ кој воедно лесно се бели.

Храна и напитоци

уреди

Младите изданоци на смрчите и боровите се богати со витамин Ц.[4] Познато е дека капетанот Џејмс Кук правел алкохолен напиток од смрчини гранчиња што го пиела посадата за да се заштити од скорбут.[5][6] Ваквиот напиток постои и денес во северна Европа и Канада.

Други примени

уреди

Од смолата на смрчата се правел катран пред да се појават денешните катрани од нафтени деривати.

Северномериканските староседелци ги користат тенките корења за плетење на кошници и зашивање на брезова кора при изработката на чунови.

Смрчата ужива популарност како украсно дрво во хортикултурата поради нејзината симетричност, и имаат често присуство во домовите како новогодишни елки (особено обичната смрча и омориката).

Смрчата како мотив во уметноста и во популарната култура

уреди

Понекогаш, смрчата се јавува како инспирација или тема во делата од уметноста и популарната култура, како:

  • „Елки и смрчи“ (Јелике и оморике) - расказ на српскиот писател Петар Кочиќ.[7]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Смрча“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
  2. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Алохтони (егзотични) видови на дрјва и грмушки“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
  3. „Пресвртници во воздухопловството - Рајтовиот Flyer од 1903 г.“ Архивирано на 25 декември 2018 г. — Национален воздухопловно-вселенски музеј на САД (англиски)
  4. „Tree Book - Sitka spruce (Picea sitchensis)“. British Columbia Ministry of Forests, Lands and Natural Resource Operations. Посетено на 29 јули 2006.
  5. Crellin, J. K. (2004). A social history of medicines in the twentieth century: to be taken three times a day. New York: Pharmaceutical Products Press. стр. 39. ISBN 0789018446. Посетено на 8 октомври 2009.
  6. Stubbs, Brett J. (јуни 2003). „Captain Cook's beer: the antiscorbutic use of malt and beer in late 18th century sea voyages“. Asia Pacific Journal of Clinical Nutrition. apjcn.nhri.org.tw. 12 (2): 129–137. Посетено на 8 октомври 2009.
  7. Петар Кочић, Јаблан и друге приповетке. Београд: Просвета, 1971, стр. 34-35.

Надворешни врски

уреди