Скопска бискупија

(Пренасочено од Скопската бискупија)

Римокатоличката Скопска бискупија (латински: Dioecesis Scopiensis) е воспоставена во 2000 година од страна на Папата Јован Павле II. Таа припаѓа под Врхбосанската надбискупија со седиште во Сараево.

Католичката катедрала „Пресвето Срце Исусово“ - Битола

Областа на Скопската бискупија ја покрива територијата на Република Македонија. Според информациите на Радио Ватикан, во 2005 година, во Македонија живеат 20.000 католици, од кои половината припаѓаат на византискиот обред.

Д-р Киро Стојанов, бил првиот Македонец назначен за бискуп на Скопската бискупија, во 2005 година. Истовремено, Скопскиот бискуп е и Апостолскиот Егзарх на верниците од византискиот обред на Македонија.

Скопската бискупија има неколку свештеници на располагање (заредени се тројца во 2004), уште тројца се секуларни свештеници а постојат и околу 14 сестри на милосрдието. Канонската жупа се наоѓа во Катедралата „Пресвето срце Исусово“ во Скопје (со филијални цркви во Куманово, Тетово, Велес, Штип, Гостивар и Струмица) како и во катедралната црква „Пресвето Срце Исусово“ во Битола (со филијала во Охрид).

Сегашен надбискуп на Врхбосанската надбискупија, под која припаѓа и Скопската бискупија е кардинал Винко Пулиќ, а апостолски нунциј на Скопската бискупија е Сантос Абрил и Кастело.

Историски развој

уреди

Уште во средината на 17 век, повеќе на хартија отколку во реалноста, постоела Скопска бискупија, чиј поширок дел се наоѓал во западниот Балкан. Светата Столица, само понекогаш именувала бискупи за Скопје, а почесто имала празен престол. Често се случувало повеќето бискупи да не живеат во Македонија. Дури помеѓу 19 век и XX век, ситуацијата со мисијата се стабилизирала. Во 1924 година Скопската бискупија била формирана како посебна диецеза, додека во 1969 година таа била споена со Косовската бискупија, формирајќи ја Скопско-Призренската бискупија, на чело со монсињор д-р Јоаким Хербут. Новото осамостојување на Скопската бискупија конечно се случило во 2000 година со дефинитивното повлекување на финалните граници во поранешна Југославија, додека пак во Призрен постои само Апостолска Администрација.

Бискупи

уреди

Библиографија

уреди

[1]