Скит „Св. Јован Претеча“ — Света Гора
Свети Јован Претеча или Продром (романски: Schitul Prodromu; грчки: Τιμίου Προδρόμου) — романски православен скит на манастирот Велика Лавра, сместен во крајниот јужен дел на полуостровот Света Гора, Егејска Македонија. Влегува во состав на Цариградската патријаршија.
Свети Јован Претеча | |
---|---|
Τιμίου Προδρόμου | |
Поглед на камбанаријата со планината Света Гора во позадина | |
Место | Света Гора |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Изградба | XIX век |
Историја
уредиСкитот бил основан од молдавски монаси на почетокот на XIX век. Во 1851 година, монасите Нифонт и Нектариј купиле ќелии посветени на Св. Јован Крстител сместени на истото место на денешниот скит, во кои претходно живееле грчки монаси од островот Хиос.
Главната црква на скитот е изградена во 1857 и осветена во 1866. Храмот е долг 30 м и широк 8,5 м, со три куполи. Фреските биле живописани од романски зографи во 1862 - 1863 г. Во црквата се чуваат делови од свети мошти на Св. Јован Крстител, Св. Јован Златоуст, апостол Матеј, Св. Стефан, Св. Варвара, Св. Григориј Богослов, Св. Модест Ерусалимски, Св. Кузмам и Дамјан, Св. Трифун, Св. Харалампиј, Св. Климентија, Св. маченици Мина и Виктор, крвта на Св. Димитрија, дел од надгробната плоча на светиот гроб, како и многу стари икони, од кои најпознатата е чудотворна икона на Богородица, донесена од градот Јаш.
Со текот на годините, изградена е водоводна мрежа, музеј и болница. Зградите на скитот биле сериозно оштетени од земјотрес во 1905 г. По 1944 година, комунистичката влада на Романија ги конфискува имотите на скитот, оставајќи го без средства за поддршка и без нови монаси. Во 1963 година, по празнувањето на илјада години од создавањето на Света Гора, скитот повторно почнал да добива поддршка од државата откако во 1976 пристигнале нови монаси. Неговата обнова започнала во 1984 г.
На 11 април 2007, романскиот парламент донесол закон со кој се обезбедуваат 250.000 евра годишно за финансирање на скитот од државниот буџет преку Министерството за култура и верски прашања.[1]
Игумени
уреди- Нифонт (1866 - 1870)
- Јеромонах Дамјан (1870 - 1890)
- Јеромонах Гедеон
- Јеромонах Антипа Динеску
- Јеромонах Хрисостом
- Архимандрит Петрониу Танасе (1985 - 2011)
- Јеромонах Атанасије Флороиу (од 2011)[2]
Галерија
уреди-
Припратата
-
Камбанаријата
-
Балкони
-
Ѕвонот
-
Дворот
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ "Deputaţii „generoşi“ de 250.000 euro cu schitul Prodromu", во Cronica Română, 12.04.2007 г.
- ↑ „Schitul Prodromu din Athos are un nou egumen“. Basilica (романски). Архивирано од изворникот на 2013-04-16.
Литература
уреди- „Scurt îndrumător pentru pelerinii români“ (Short Guide for Romanian Pilgrims), by Romanian Skete Prodromos, C.N.I. Coresi S.A. Ed., Bucharest, 2006.
- „Sfântul Munte Athos – Grădina Maicii Domnului“ (Holy Mountain Athos – The Garden of Theotokos), 2nd edition, by monk Pimen Vlad, St. Martyr Artemios cell, Lakkoskete, Holy Mount Athos.
Надворешни врски
уреди- Скит „Св. Јован Претеча“ — Света Гора на Ризницата ?