Свети Кузман и Дамјан
ранохристијански браќа-маченици, родени во Арабија
Светите Кузман и Дамјан, наречени Свети Бессребреници — христијански маченици, по занимање лекари, бессребреници и чудотворци. Тие биле браќа родени во Арабија, од непобожен татко и мајка христијанка. Таткото им умрел додека биле деца, а мајка им ги одгледала во христијанскиот дух. Од Господ добиле дар за исцлување на разни болести, и како што тој дар го добиле бесплатно и самите бесплатно ги лечеле луѓето, па затоа и луѓето им го дале името бессребреници.
Свети Кузман и Дамјан | |
---|---|
Икона на Свети Кузман (лево) и Дамјан (десно) кои држат кутии со лекови и лажици за давање на лекови | |
маченици | |
Роден(а) | 3 век н.е., Арабија |
Починал(а) | околу 287 н.е., Егеј, Римска провинција Сирија |
Слава | |
Заштитништво | хирурзи, лекари, стоматолози, фармацевти |