Манастирот Велика Лавра (грчки: Μονή Μεγίστης Λαύρας) е првиот манастир изграден на Света Гора. Се наоѓа на југоисточното подножје на планината Атос на надморска височина од 160 m. Основањето на манастирот во 963 година од Атанасиј Атонски го означува почетокот на организираниот монашки живот на Света Гора.

Велика Лавра
Информации
Целосно имеСвет манастир Велика Лавра
Манастир на:Вселенска патријаршија
Посветен наБлаговештение
Личности
Основач (и)Атанасиј Атонски
Место
МестоСвета Гора, Грција
Координати40°10′16″N 24°22′58″E / 40.171111° СГШ; 24.382778° ИГД / 40.171111; 24.382778
Отворен за јавностаСамо за мажи

Атанасиј ја започнал изградбата на Великата Лавра по одобрение на византискиот цар Роман II, а неговиот наследник Никифор II Фока бил голем пријател на Атанасиј, и му помагал на разни начини. Конечно во 963 година била изградена главната манастирска црква посветена на Благовештението Богородично, и наскоро започнале да пристигнуваат луѓе од разни народности со желба да живеат монашки живот под управување на Атанасиј. Политиката на поддршка ја продолжиле и наследниците на Фока, Јован I Цимискиј и Василиј II, и покрај извесните несогласувања со Атанасиј.