Сергеј Прокудин-Горски

руски фотограф

Сергеј Михајлович Прокудин-Горски (руски: Сергей Михайлович Прокудин-Горский; 30 август 186327 септември 1944, Париз) — руски фотограф и хемичар кој го посветил својот живот на унапредувањето на фотографијата како еден од првенците на фотографијата во боја. Роден е на имотот Фуникова Гора во Владимирската губернија, Русија, а по звање бил хемичар.[1] Учел кај славни научници во Санкт Петербург, Берлин и Париз, и развил првични техники за фотографија во боја.

Сергеј Прокудин-Горски
Сергеј Прокудин-Горски во 1912 г.
Роден(а)30 август 1863(1863-08-30)
Фуникова Гора, Владимирска губернија, Русија
Починал(а)септември 27, 1944(1944-09-27) (возр. 81)
Париз, Франција
НационалностРусин
Познат(а) попочетоци на фотографијата во боја

Техника

уреди

Своите првобитни истражувања резултирале со патентирани сликореди и филмови во боја. Околу 1905 Прокудин-Горски разработил план за употреба на ова ново техничко октритие за документирање на Руската Империја. Ова имало за цел да ги запознае учениците со огромната и разнолика историја, култура и модернизација на нивната татковина.

Процедурата се состоела од брзо правење на низа монохромни слики една по друга, секоја низ различно обоен филтер. Со проектирање на три монохромни слики во услови на светла со точна боја, можело да се реконстуира сликаната сцена во вистински бои. Помрднувањата на она што е сликано резултирало со заматени духолики слики, бидејќи сликите од црвена, зелена и сина боја се правеле со извесно временско растојание.

Прокудин-Горски успешно развивал хартиени слики во боја од овој филм, но процедурата била бавна и комплицирана. Дури со доаѓањето на дигиталнитата обработка на слики овие три можеле да се комбинираат во една слика.

Фотографија

уреди

Прокудин-Горски имал посебен вагон опремен како темна комора, обезбеден од цар Николај II, како и две дозволи за пристап во ограничени зони и соработка на бирократите. Со ова, тој ја документирал Руската Империја од 1909 до 1915 год. Одржал и многу илустирани предавања за неговите дела. Се иселил од Русија во 1918, по Октовриската револуција и по некое време конечно се преселил во Париз, каде починал во 1944.

Неговите фотографии се живопис на еден изгубен свет - Руската Империја во предвечерјето на Првата светска војна и потоа, Руската револуција. Тие се тематски разновидни - од средновековни цркви и манастири на стара Русија, железнички пруги и фабрики, па сè до секојдневниот живот и работа на шареноликото население во земјата.

 
Исечок од Alleia Hamerops кој ги илустрира црвените, зелените и сините бојни канали, како и повеќеделна слика

Прокудин-Горски ја напуштил Русија во 1918, одејќи најпрвин во Норвешка и Англија пред на крај да се пресели во Франција. Тогаш веќе царството е заменето со комунизам, а царот и неговото семејство убиени. Овие уникатни слики на Русија пред револуцијата зачувани на стаклени негативи биле купен од Библиотеката на Конгресот на САД во 1948 од неговите потомци.[1]

Во 2001, Библиотеката на Конгресот започнала изложба, The Empire that was Russia („Империјата која беше Русија“). За оваа изложба стаклените негативи биле скенирани и од нив дигитално биле направени слики во боја д скенираните црвени, зелени и сини монохромни слики, со помош на т.н. дигихроматографија, изум на Валтер Франкхаусер.

Во 2004 г. библиотеката склучила договор со Blaise Agüera y Arcas за изработка на автоматизирани повеќеделни слики од 1.902 негативи од дигитални слики со висока резолуција на стаклени негативи. Целосен опис на процесот и врски со такви содржини можат да се најдат на Библиотека на Конгресот.[2][3]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Фотограф на царот: Сергеј Михајлович Прокудин-Горски Библиотека на Конгресот. Пристапено на 13 август 2006
  2. Софтверска реконструкција на фотографијата во боја на Прокудин-Горсски Blaise Agüera y Arcas. Пристапено на 13 август 2006.
  3. За збирката Прокудин-Горски Пристапено на 13 август 2006.

Надворешни врски

уреди