Булка, була или див афион, тутенка (научPapaver rhoeas) — едногодишно, поретко двегодишно зелјесто растение од семејството афиони {Papaveraceae}.

Булка
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
Ред: Лутиковидни
Семејство: Афиони
Род: Афион
Вид: Булка
Научен назив
Papaver rhoeas
L.[1]
Синоними[2]
  • Papaver commutatum Fisch., C.A.Mey. & Trautv.
  • Papaver insignitum Jord.
  • Papaver intermedium Becker
  • Papaver rhoeas var. strigosum Boenn.
  • Papaver rhoeas subsp. strigosum Simonk.
  • Papaver roubiaei Vig.
  • Papaver strigosum Schur
  • Papaver tenuissimum Fedde
  • Papaver trilobum Wallr.
  • Papaver tumidulum Klokov

Опис

уреди
 
Трите фази на цветот на булката: пупка, цвет и чушка

Стеблото е исправено, неразгрането или слабо разгрането, прекриено со влакна. Листовите се јајчести, сивозелени по боја. Цветовите се крупни, темноцрвени, светлоцрвени, а поретко со бела боја. Цветот има четири венечни ливчиња, кои се тенки, нежни, на основата потемни. Плодот е чушка исполнета со многубројни, ситни, плавосиви семиња.

Употреба

уреди

За лек се користат исушени цветови, кои содржат слузи, шеќери, антоцијани и друго[3]. Во народната медицина се употребува како средство против кашлица при бронхит и голема кашлица, против крварење, го скратува протромбонското време, против цревни болести, дијареја и слично[3].

Булката како тема во уметноста и популарната култура

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Linné, Carl von (1753). Species Plantarum. 1. Stockholm: Laurentius Salvius. стр. 507.
  2. „Papaver rhoeas (common poppy)“. kew.org. Посетено на 24 јануари 2017.
  3. 3,0 3,1 Најдовски, Живко. „БУЛКА – PAPAVER RHOEAS (БУЛА, ДИВ АФИОН, ТУТЕНКА)“. Итар Пејо. Архивирано од изворникот на 2020-09-21. Посетено на 8 јуни 2018.
  4. Очудувања #1 #2 (кратки раскази). Скопје: Бегемот, 2018, стр. 70-72.
  5. Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 169.